Почетна | За нас Патници |Бизнис заедница| Контакт|Мапа на са?тот
Пребарување:
 

 
 Пресметка на давачки / Царинската вредност
Законските одредби за утврдување на царинска вредност се пропишани во:
 
-  чл.27 до чл.45 од Царинскиот Закон; и
-  чл.61 до чл.93 и Прилог 13 – Интерпретативни забелешки за царинска вредност од Уредба за спроведување на Царинскиот закон
 
Во Царинскиот закон се пропишани следниве методи за утврдување на царинската вредност и тоа:
-         метода на трансакциска вредност на стока;
-         метода на трансакциска вредност на идентична стока;
-         метода на трансакциска вредност на слична стока;
-         метода на дедуктивна вредност;
-         метода на пресметковна вредност и
-         метода на расположиви податоци.
Царинската вредност на стоките најпрво се утврдува со примена на методата на трансакциска вредност, односно стоката била предмет на трансакција врз основа на која е реализиран извозот на стоката од странска држава и истата е увезена во Република Македонија.
Останатите методи се применуваат кога не може да се примени методата на трансакциска вредност.
Наредна метода е метода на трансакциска вредност на идентична стока. Со оваа метода утврдувањето на царинската вредност на стоката која се вреднува ќе се врши врз основа на трансакциска вредност на идентична стока продадена за извоз во Република Македонија во приближно исто време како и стоката која се вреднува, како и во приближно исти количини и на исто комерцијално ниво.
Доколку вредноста не може да се утврди со примена на оваа метода, се применува следната метода, метода на трансакциска вредност на слична стока. Ова значи дека утврдувањето на царинската вредност на стоката која се вреднува ќе се врши врз основа на трансакциска вредност на слична стока продадена за извоз во Република Македонија во приближно исто време како и стоката која се вреднува, во приближно исти количини и на исто комерцијално ниво.
Следна метода е методата на дедуктивна вредност каде царинската вредност се утврдува со "одење наназад", односно од продажната цена на увезената стока во Република Македонија, или на идентична или слична увезена стока се одбиваат трошоците кои биле додадени на таа стока по извозот.
Слична метода е методата на пресметковна вредност каде царинската вредност се утврдува врз основа на трошоците за производство на стоката која се вреднува, плус износот на профитот и општите трошоци кој вообичаено се искажува при продажба на стока од иста класа или вид како и стоката која се вреднува. Во одредени случаи оваа метода може да се употреби пред методата на дедуктивна вредност.
Методата на paспoлoживи пoдaтoци се применува кога царинската вредност не може да се утврди со користење на претходно наведените методи. Според оваа метода, царинската вредност на стоката се утврдува врз основа на податоци кои се на располагање во Република Македонија, а не се во спротивност со исклучоците наведени во член 34 од ЦЗ. Оваа метода најчесто треба да се базира на претходно утврдени вредности, со пофлексибилен третман, односно да започне повторно од почеток и флексибилно да ја преиспита можноста за примена на некоја од претходните методи со цел да се утврди вредноста со користење на разумни средства и затоа методата на расположиви податоци е позната и како "флексибилна метода" за утврдување на вредноста.
.
 Соопштенија за царинска вредност
 
Јавно соопштение бр.1 - Метода на трансакциска вредност
(536 KB), 19.02.2010,

Јавно соопштение бр.2 - Декларација на вредност (ДВ.1)
(333 KB), 19.02.2010,

Јавно соопштение бр.3 - Алтернативни методи за утврдување на вредноста на стоката
(190 KB), 19.02.2010,

Јавно соопштение бр.4 - Постапка во случај на несогласување со одлуката на царинскиот орган во поглед на царинската вредност
(53 KB), 29.12.2010,
 Упатства за царинска вредност
 
Упатство за царинска вредност
(11714 KB), 08.02.2017,
MK | EN | SQ
 Новини
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
повеќе ...
ИЗВЕШТАЈ ЦУРМ ТРЕТ КВАРТАЛ 2015
повеќе ...
 Сервиси

Supported by




| ??????
Моментално посетители: 116
Вкупно посетители: 10063113

 
Почетна | За нас | Патници | Бизнис заедница | Контакт |Мапа на са?тот
?2004 Царинска управа на Република Македони?а