Почетна | За нас Патници |Бизнис заедница| Контакт|Мапа на са?тот
Пребарување:
 

 
 Пресметка на давачки / Потекло на стока
 
ПОТЕКЛО НА СТОКА
.
Со цел да се влијае на економијата, да се урамнотежи или да се зголеми светската трговија може да се користат одредени привилегии, преференцијали (намалување или укинување на царинските стапки) или пак мерки за заштита на домашната индустрија во зависност од потеклото на стоката. Оттука произлегува потребата за точно утврдување на потеклото на стоката кое може да се дефинира како економска националност на стоките.
.
Денес мал број на стоки се целосно добиени или произведени во една земја и за нив одредувањето на потеклото е едноставно. Меѓутоа за поголем број на стоки утврдувањето на потеклото станува посложено поради фактот што нивното производство може да се одвива во повеќе фази и во различни земји. 
.
Постојат два вида на потекло:  непреференцијално потекло, и преференцијално потекло.
 
 
ПРЕФЕРЕНЦИЈАЛНО ПОТЕКЛО - СПОГОДБИ ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА
 

Земја

Протокол за потекло

Објава во Службен весник на РМ број

1.

Турција

   
  Договор за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција Протокол 2
“Службен весник на РМ”, бр. 83/99, 68/07 и 25/09
2. 

Украина

   
  Договор за слободна трговија меѓу Република Македонија и Украина Протокол Ц

"Службен весник на РМ" бр. 53/01

3. 

Европска унија

 
  Спогодба за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и Европскaтa Заедницa   Протокол 4
“Службен весник на РМ”, бр. 29/01, 27/04, 31/04, 46/05, 68/06, 122/07, 119/08, 185/13, 25/16 и 71/16
4.  

ЕФТА

   
  Договор за слободна трговија меѓу Република Македонија и ЕФТА државите Протокол Б 

 "Службен весник на РМ" бр. 89/01, 62/03, 163/09

5.

ЦЕФТА

 

 

  Договор за изменување и пристапување на Централно европскиот договор за слободна трговија  Анекс 4

"Службен весник на РМ" бр. 69/07, 117/11, 131/14 и 130/15

 

 

РЕГИОНАЛНА КОНВЕНЦИЈА ЗА ПАН-ЕВРО-МЕДИТЕРАНСКИ ПРЕФЕРЕНЦИЈАЛНИ ПРАВИЛА НА ПОТЕКЛО

Регионалната пан-евро-медитеранската конвенција за преференцијални правила за потекло во Република Македонија влегува во сила на 1 август 2012 година.
 
Регионалната конвенција за пан-евро-медитерански преференцијални правила на потекло има за цел замена на протоколите за правилата на потекло кои се во сила меѓу земјите на Пан-евро-медитеранска област.
 
Конвенцијата ќе почне да се применува во моментот кога ќе влезат во сила измените на Договорите за слободна трговија во кои наместо Протоколите за потекло ќе се применуваат правилата за потекло од Конвенцијата.
 
Пан-евро-медитеранскиот систем на кумулација на потекло е составен од мноштво на договори, поставувајќи одредби за слободна трговија врз основа на мрежата на идентични правила за потекло кои овозможуваат дијагонална кумулација, меѓу земјите од зоната.

Во моментов пан-евро-медитеранската кумулациона зона ги вклучува:
- Европската унија,
- ЕФТА-државите (Исланд, Кралството Норвешка, Швајцарската Конфедерација и Кнежевството на  Лихтенштајн),
- учесниците во Барселона процесот (Демократска Народна Република Алжир, Арапска Република Египет, Државата Израел, Хашемитското Кралство Јордан, Република Либан, Кралството Мароко, Арапска Република Сирија, Република Тунис, ООП во корист на Палестинските власти на Западниот Брег и појасот Газа и Република Турција)
- учесниците во Процесот на  стабилизација и асоцијација (Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Македонија, Црна Гора, Република Србија и Косово според UNSC Резолуцијата 1244/99)
- Кралството Данска во однос на Фарските острови.

Опис

Протокол за потекло

Објава во Службен весник на РМ број

Регионална конвенција за пан-евро-медитерански преференцијални правила на потекло Додаток 1

"Службен весник на РМ" бр. 66/12

ПРИМЕНА НА РЕГИОНАЛНАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ПАНЕВРОМЕДИТЕРАНСКИТЕ ПРЕФЕРЕНЦИЈАЛНИ ПРАВИЛА ЗА ПОТЕКЛО

  Дијагонална кумулација
Дијагоналната кумулација претставува можност за стекнување на преференцијалното потекло на стоката со користење на материјали и производи со потекло од земји со кои е можна кумулација на потеклото.
 
Република Македонија применува дијагонална кумулација во трговијата со земјите членки на ЕУ, Турција, земјите членки на ЕФТА и ЦЕФТА земјите.
 
 
 Eквивалентни износи на националните валути

Согласно членот кој се однесува на износите изразени во евра од протоколите за потекло во договорите за слободна трговија кои Република Македонија ги има склучено, земјите меѓусебно се известуваат за соодветните износи во противвредност на 6000, 1200 и 500 евра..

 
 Упатства и придружни документи
 
ОДОБРЕНИЕ ЗА ОДОБРЕН ИЗВОЗНИК
Барање за oдобрување на поедноставување на постапкта за докажување на потеклото на стоката (статус на oдобрен извозник) може да се поднесе покрај писмено и електронски преку апликацијата ЕЛЕКТРОНСКА ДОСТАВА НА БАРАЊА на почетната страна на www.customs.gov.mk)
(20 KB), 14.08.2015,

Прилог 1 Барање за издавање на одобрение за одобрен извозник
(104 KB), 14.08.2015,

ОДОБРЕНИЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МЕТОДОТ НА СМЕТКОВОДСТВЕНО РАЗДВОЈУВАЊЕ
(30 KB), 25.03.2011,

Прилог 1 Барање за издавање на одобрение за користење на методот сметководствено раздвојување
(38 KB), 25.03.2011,

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОТЕКЛО
(Барање за Задолжителна информација за потекло може да се поднесе покрај писмено и електронски преку апликацијата ЕЛЕКТРОНСКА ДОСТАВА НА БАРАЊА на почетната страна www.customs.gov.mk)
(45 KB), 17.09.2012,

Прилог 1 - Барање за издавање на ЗИП
(147 KB), 17.09.2012,

ПРИМЕНА НА ТЕРИТОРИЈАЛНИТЕ УСЛОВИ СОГЛАСНО СПОГОДБИТЕ/ДОГОВОРИТЕ ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА
(41 KB), 17.09.2013,

Барање за издавање на уверение за директна пратка
(124 KB), 17.09.2013,
 Објави на Европска унија
 
Регулатива на Европската Унија за одредени постапки за споведување на ССА при увоз на стоки со потекло од Република Македонија во земјите членки на ЕУ
(342 KB), 07.07.2015,
MK | EN | SQ
 Новини
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
повеќе ...
ИЗВЕШТАЈ ЦУРМ ТРЕТ КВАРТАЛ 2015
повеќе ...
 Сервиси

Supported by




| ??????
Моментално посетители: 114
Вкупно посетители: 10063111

 
Почетна | За нас | Патници | Бизнис заедница | Контакт |Мапа на са?тот
?2004 Царинска управа на Република Македони?а