Почетна | За нас Патници |Бизнис заедница| Контакт|Мапа на са?тот
Пребарување:
 

 
 Царински постапки / Привремено чување

ВНЕСУВАЊЕ НА СТОКА И ПРИВРЕМЕНО ЧУВАЊЕ
 
Странска стока која е внесена во царинското подрачје на Република Македонија се до моментот на определување на царинско дозволено постапување или употреба на стока е под царински надзор и има третман на привремено чувана стока во царинската испостава каде била ставена на увид или на друго место кое е определено, одобрено и контролирано од таа царинска испостава.
Вообичаено оваа стока се става во одобрено место за привремено чување, а држателот треба да поднесе гаранција за обезбедување на царинскиот долг кој може да настане.
Доколку привремено чуваната стока треба да се пренесе на друго место, односно до друга царинска испостава, тогаш се користи транзитната постапка.Со завршување на транзитната постапка, стоката останува во привремено чување, се до одредување на друго царински дозволено постапување или употреба на стока (ставање на стока во царинска постапка, внесување на стока во слободна зона или слободен склад, повторен извоз на стока од царинското подрачје, уништување на стока и отстапување на стока во корист на државата).
Привремено чуваната стока може да биде предмет само на форми на ракување кои обезбедуваат одржување на стоката во непроменета состојба, како и да биде прегледана и да бидат земени мостри, но само со одобрение од надлежниот царински орган.
За привремено чуваната стока, односно кога стоката е опфатена со збирна декларација, се одредува царински дозволеното постапување или употреба на стоката во рок од 20 дена од денот на поднесувањето на збирната декларација за привремено чување.
 
Подолу се актите кои се однесуваат на привремено чување: 
.

 
УПАТСТВО ЗА ПРОСТОРИИ ЗА ПРИВРЕМЕНО ЧУВАЊЕ
Акт на Царинската управа на Република Македонија број 07-5575/1 од 11.05.2006 година
(158 KB), 21.06.2006,

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИВРЕМЕНО ЧУВАЊЕ
Акт на Царинската управа на Република Македонија број 10-728/1 од 21.06.2006 година
(122 KB), 21.06.2006,

Образец на збирна декларација за привремено чување
(362 KB), 03.06.2015,
MK | EN | SQ
 Новини
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
повеќе ...
ИЗВЕШТАЈ ЦУРМ ТРЕТ КВАРТАЛ 2015
повеќе ...
 Сервиси

Supported by




| ??????
Моментално посетители: 106
Вкупно посетители: 10063103

 
Почетна | За нас | Патници | Бизнис заедница | Контакт |Мапа на са?тот
?2004 Царинска управа на Република Македони?а