Почетна | За нас Патници |Бизнис заедница| Контакт|Мапа на са?тот
Пребарување:
 

 
 Царински постапки/Постапки со економски ефект
 
ПОСТАПКИ СО ЕКОНОМСКИ ЕФЕКТ
 
Царински постапки со економски ефект се: 
      - царинско складирање,
      - увоз за облагородување, 
      - преработка под царинска контрола,
      - привремен увоз и
      - извоз за облагородување. 
 
Подолу се актите кои се однесуваат на постапки со економски ефект
 
 
 
Царинско складирање
Царинското складирање овозможува странската стока да се чува во Република Македонија без да се платат увозни давачки.
Во постапка на царинско складирање се дозволени вообичаени форми на ракување со стоката, претходно одобрени од надлежниот царински орган. Исто така, можно е стоката да се облагородува или преработува под царински надзор во царинскиот склад, со претходно одобрение од надлежниот царински орган.
 
 
Увоз за облагородување
Увозот за облагородување овозможува увезените репроматеријали или полупроизводи да се облагородуваат (обработуваат, преработуваат, доработуваат или поправаат) за повторен извоз, без да се платат увозни давачки и ДДВ за стоката.
Согласно царинските прописи,можни се два системи на увоз за облагородување:
-          Систем на одложено плаќање и
-          Систем на враќање на увозни давачки
 
 
Преработка под царинска контрола
Со постапката на преработка под царинска контрола се овозможува употреба на странска стока во царинското подрачје,во операции со кои се менува нејзиниот вид или состојба, без да подлежи на плаќање на увозни давачки или мерки на трговската политика и се овозможува пуштање во слободен промет на производи коишто се резултат на такви операции со плаќање увозни давачки кои одговараат за тие производи. Таквите производи се нарекуваат преработени производи. 
 
Привремен увоз
Со постапката на привремен увоз се овозможува употреба на странска стока во царинското подрачје, со целосно или делумно ослободување од плаќање на увозни давачки и без примена на мерки на  трговска политика, ако истата е наменета за повторен извоз во непроменета состојба, освен вообичаеното намалување на вредноста заради нејзината употреба. 
Стоката може да се декларира за привремен увоз со:
-          Царинска декларација во писмена или електронска форма
-          Усна царинска декларација (за одредена стока), кон која на барање на царинскиот орган се приложува спецификација на стоката,
-          На друг начин (на пример со конклудентно дејство)
 
 
Извоз за облагородување
Со постапката на извоз за облагородување, се одобрува домашна стока привремено да се извезе од царинското подрачје за да се подложи на операции на облагородување, а производите добиени од таквите операции да бидат пуштени во слободен промет со целосно или делумно ослободување од плаќање на увозните давачки. 
 

 

MK | EN | SQ
 Новини
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
повеќе ...
ИЗВЕШТАЈ ЦУРМ ТРЕТ КВАРТАЛ 2015
повеќе ...
 Сервиси

Supported by




| ??????
Моментално посетители: 105
Вкупно посетители: 10063101

 
Почетна | За нас | Патници | Бизнис заедница | Контакт |Мапа на са?тот
?2004 Царинска управа на Република Македони?а