Почетна | За нас Патници |Бизнис заедница| Контакт|Мапа на са?тот
Пребарување:
 

 
 Архива на вести

Царинската управа на Република Македонија ја заврши 2016 година со вкупно остварени приходи во износ од 72,9 милијарди денари, што претставува за 8,5%, односно за 5,7 милијарди повеќе од приходите во 2015 година.
Ве информираме дека стручниот испит за лиценциран застапник прв (теоретски) дел ќе се одржи на 13.01.2017 година во просториите на Испитниот центар ASSECO на улица Христо Смирненски бр.30 ламела 1 Скопје. Стручниот испит ќе се полага во два термини (13 и 15 часот). Во продолжение распоред за полагање:
Ве известуваме дека денес 12.01.2017 година (четврток) во 9 часот повторно е воспоставен нормалниот проток на товарни моторни возила во Република Грција односно сообраќајот на влез и излез, во и од Република Македонија, се одвива нормално, согласно временските услови.
Ве информираме дека добиено е известување од грчка полиција во кое стои дека поради снежни наноси на автопатот во Република Грција прекинат е сообраќајот за товарни моторни возила.
Ве известуваме дека заради целосно искористување на пропишаната количинa на квотa предвиденa за првото тромесечие од 2017 година за Европска унија, има промена на царинските давачки во рамки на квота за стоките кои се распределуваат во тарифниот број 2402 20.
Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец декември 2016 година до надлежните јавни обвинителства поднесе 16 кривични пријави против 8 правни и 17 физички лица.
Царинските инспектори од Одделението за оперативни работи на граничниот премин Блаце, при контрола на комбе во специјално направен бункер пронајдоа околу 68,5 килограми марихуана.
Царинските службеници на Аеродромот Александар Велики во Скопје вчера (4.01.2017 г.) спречија обид за нелегално изнесување на 105 илјади евра.
Царинската управа на Република Македонија информира дека има промена на царинските давачки во рамки на квота за стоките кои се распоредуваат во тарифните броеви 0203, 0406 90 и 2201 поради целосно искористување на количините на квоти предвидени за првото тромесечие од 2017 година за стоки со потекло од Европска унија.
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија еден обид за погрешно тарифирање на стока и повеќе обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани златен накит, цигари, огномет, парафин за импрегнација на дрва, дискови за автомобил, женски бунди од природно крзно и друго.
 
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 ...

MK | EN | SQ
 Новини
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
повеќе ...
ИЗВЕШТАЈ ЦУРМ ТРЕТ КВАРТАЛ 2015
повеќе ...
 Сервиси

Supported by




| ??????
Моментално посетители: 50
Вкупно посетители: 9791499

 
Почетна | За нас | Патници | Бизнис заедница | Контакт |Мапа на са?тот
?2004 Царинска управа на Република Македони?а