ГРАЃАНСКИ ДНЕВНИК НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА
Цел на Граѓанскиот дневник
Целта на Граѓанскиот дневник е да придонесе кон подобрување на квалитетот на услугите што ги нуди Царинската управа преку дефинирање на начинот и стандардите во давање на услугите притоа давајќи акцент на видот на услугите, рокот за нивно исполнување како и системот на коментари, жалби и поплаки.
Крајната цел е да се подобрат односите меѓу Царинската управа и граѓаните и да се овозможи информирање на граѓаните за услугите што ги нуди Царинскта управа како јавен сервис.
Мисија на Царинската управа
Царинската управа е јавен сервис кој настојува потполно и ефикасно да ги спроведува своите надлежности преку обезбедување на навремено и ефикасно прибирање на царинските и други давачки и спречување на внесување на нелегална стока во земјата Заложбата за остварување на мисијата на Царинската управа овозможува олеснување на меѓународната трговија и придонесува за одржлив економски развој преку спроведување ефикасни, брзи и лесно разбирливи постапки во опкружување што обезбедува целосна заштита на приходите, целосно спроведување на законските забрани и закони воопшто.
Наши корисници
Корисници на услугите на Царинската управа се сите правни и физички лица од Република Македонија учесници во царинската постапка како и државни органи кои имаат потреба од податоците од јавен карактер со кои располага Царинската управа.
Стандарди за квалитет на услугите што ги нуди Царинската управа
За да се оствари целта на мисијата и задоволување на воспоставените стандарди на квалитет во работењето на Царинската управа се настојува успешно работење во шест јасно утврдени области и тоа:
· професионално однесување
· ефикасно и одговорно управување
· способности на вработените
· современо и ефикасно прибирање на приходите
· подобрено спроведување на законот и заштита на границата
· јавност и одговорност
За остварување на јасно поставените цели, а со тоа и овозможување на полесна соработка на Царинската управа со нејзините корисници во рамките на Граѓанскиот дневник дадени се видот на услуги кои ги нуди Царинската управа, временскиот рок во кој истите треба да бидат дадени и одговорните лица за соодветната услуга.
Согласно обврските што ги има Царинската управа за имплементација и следење на граѓанскиот дневник во сите организациони единици се поставени сандачиња наменети за собирање на пополнетите формулари од граѓаните. Сандачиња се поставени на видно место во двете згради на Централна управа, сите Царинарници, Царински испостави и Служби за царинско управна постапка. Покрај сандачињата поставен е постер за граѓанскиот дневник. Празните формулари се поставени во непосредна близина на сандачињата и се лесно достапни за граѓаните.
Покрај оваа можност, граѓаните својата оценка на услугите од Царинската управа може да ја достават пополнувајќи го следниов формулар
.
.