TheCoder.info

SEO

web design

Царинска управа на Република Македонија
Choose Language:  
 
Пребарување:
 

 
   
   
 Курсеви за е-учење во областа на царината
 
Комбинирањето на електронското учење заедно со другите форми на учење станува сé поважно во делот на обуките, како во Европската унија, така и во Република Македонија. Европската комисија ги развива курсевите за области од заеднички интерес во соработка со сите Царински управи и со претставници на трговијата.
 
Ваквите курсеви придонесуваат за подобра примена на царинското законодавство и обезбедуваат хармонизирање и поедноставување на царинските постапки, како и негова униформна примена на целото царинско подрачје на Република Македонија. Курсевите имаат за цел да бидат користени од многу царински службеници, како и од претставници на деловната заедница. Овој нов пристап во обуката и стручното оспособување овозможува постојано покривање на повеќе области од заеднички интерес за учесниците во царинската постапка, не создава никакви трошоци, бидејќи неговото користење е бесплатно и претставува практичен пример за олеснувањето на трговијата.
 Овде можете да пристапите до курсевите за е-учење од областа на царината
...............   ...............     ...............     ............... 
       
 

 Регистрација и идентификација за економските оператори (EORI)

   ДДВ Директива  

 Единствено одобрение за поедноставена постапка (SASP)

 
 ...............   ...............   ...............     ............... 
 

Овластен економски оператор (AEO)

 

Земјоделски субвенции за извоз (AGREX)

 

Преглед на контејнери

 
           
 

Контрола на прекурзори на дрога, за економски оператори

         
 Кампус за интерактивна обука за даночна и царинска унија

(Taxation And Customs Training Interactive Campus - TACTIC)

Кампусот за интерактивна обука за даночна и царинска унија е веб базирана интерактивна средина, која во моментот е во подготовка во пилот фаза вклучувајќи одреден број на земји учеснички. Во оваа онлајн средина, Царинските управи кои спроведуваат обуки имаат можност да споделат информации за обуки и ресурси, да споделат добри практики за обука и соработуваат онлајн кон остварување на целта за извонредност во обуките за оданочување и царина во европските земји. Онлајн поврзувањето од овој вид исто така, го олеснува развојот на проекти за обуки во содејство помеѓу земјите.
 
Активното учество на европските администрации за обуки за царини и оданочување во проекти и активности на TACTIC е добредојдено. Пристап до оваа страна имаат само вработените во Царинската управа на Република Македонија на следнава адреса: http://tactic-learning.eu/
 
 
Контекст на заеднички иницијативи за обуки
 
Член 12 од Програмата Царина 2013 и член 10 од Фискалис 2013 го поставуваат контекстот во рамките на кој, земјите учеснички и Европската комисија работат заеднички на овие и други иницијативи за да одговорат на заедничките потреби од обуки.

Добредојдени се предлози за развој на релевантни курсеви за обука и иницијативи од страна на администрациите кои спроведуваат обуки и претставниците на деловната заедница. Сите прашања и предлози може да се пратат на следнава адреса: obuki@customs.gov.mk

 
Моментално посетители: 33
Вкупно посетители: 2295640

Supported by

| Најава
 
©2006 Customs Administration of the Republic of Macedonia
christian louboutin air max 90 nfl jerseys ghd mk4