Почетна | За нас Патници |Бизнис заедница| Контакт|Мапа на са?тот
Пребарување:
 

 
 Курс за елентронско учење на тема Дрога и прекурзори
Европската комисија во соработка со доверливи компании од хемиската индустрија и надлежни органи во земјите-членки развија курс за електронско учење на тема Прекурзори. Целта на овој курс е да се помогне на хемиската индустрија и сличните сектори во идентификувањето на ризикот од незаконска трговија во оваа област и да се обучат нивните кадри за имплеменитирање на методите со кои ќе се спречи пренамената на прекурзорите за нивна незаконска употреба.
Зошто курс за елентронско учење на тема Дрога и прекурзори?
Прекурзорите се хемиски супстанции што законски се користат за голем број производи за широка потрошувачка, како што се лековите, сапуни и парфеми. Сепак, шверцерите се обидуваат да ги пренаменат од нивните легални цели со цел да ги употребат за незаконско производство на синтетички дроги како екстази и метаамфетамини. Спречувањето на таквата пренамена е од огромна важност за легалната трговија и општеството во целост.
Што нуди овој курс?
Курсот за електронско учење се состои од четири дела:
- Вовед
Воведот му овозможува на корисникот да се запознае со изгледот и навигацијата на курсот;
- Теорија
Теоретскиот дел ги обезбедува законските прописи и упатства. Овој дел е проследен со практични информации за тоа како шверцерите може да ги пренаменат прекурзорите и што може компаниите да направат интерно (безбедносни процедури) и надворешно (соработка со надлежните органи) за да се спречи пренамената;
- Студија на случај
Делот „студија на случај“ се состои од четири пододдели наменети за целните групи: производство, грижа за корисници, безбедност и менаџмент. Секој пододдел содржи вистинито сценарио за случај интересен за луѓе со соодветна позадина
- Проценка
Овој дел ќе му овозможи на корисникот да го оцени напредокот кој го постигнал во неговото/нејзиното познавање за контрола на прекурзори.
Како може да го набавите овој курс?
Овој курс за електронско учење содржи доверливи/чувствителни информации. Поради тоа не е достапен за јавно превземање. Курсот се дистрибуира исклучиво преку Царинската управа на Република Македонија obuki@customs.gov.mk. Кога ќе ја контактирате Царинската управа на Република Македонија ве молиме јасно да наведете:
  • Име на Вашата компанија;
  • Големина на компанијата;
  • Електронска адреса за контакт (со цел оценување на курсот во подоцнежна фаза);
  • Сектор (производство, трговија);
  • Проценка за број на слушатели во Вашата компанија кои ќе го користат курсот.
 За царинските службеници курсот е достапен на интранет страната на Царинската управа.

Supported by




| ??????
Моментално посетители: 70
Вкупно посетители: 10063063

 
Почетна | За нас | Патници | Бизнис заедница | Контакт |Мапа на са?тот
?2004 Царинска управа на Република Македони?а