Почетна | За нас Патници |Бизнис заедница| Контакт|Мапа на са?тот
Пребарување:
 

 
Курс за електронско учење за ЕОРИ
(Курс за број за регистрација и идентификација на економски оператори)
 
Во рамките на Програмата Царина 2013, Европската комисија подготви курс за електронско учење со цел да им помогне на економските оператори и царинските службеници да го имплементираат бројот за регистрација и идентификација на економски оператори (ЕОРИ). Обуката е подготвена во соработка со царински експерти и е достапен за слободно користење.
 
Што е ЕОРИ?
Како дел од „Измената за сигурност и безбедност“ на Царинскиот закон на Заедницата, од 1 јули 2009 година задолжителен е единствен број за регистрација на економските оператори кои се занимаваат со активности поврзани со царина. Бројот се нарекува „Број за регистрација и идентификација на економски оператори“ EORI (Economic Operators Registration and Identification number).
 
На економските оператори ЕОРИ треба да им го намали административниот товар и да им ги поедностави постапките, а на царинските службеници треба да им го олесни утврдувањето на безбедносните ризици и рационализација на постапките.
 
За електронскиот курс за обука
Оваа обука обезбедува практични детални насоки за економските оператори и царинските службеници во однос на примената на броевите за регистрација и идентификација на економските оператори.
Курсот се состои од следните три лекции и тоа:
 
1.                   Што значи ЕОРИ за мене?
2.                   Кој ќе треба да аплицира за ЕОРИ број?
3.                   Што треба да направам?
 
Како да се започне и користи курсот?
Кликнете  на иконата  за да се  отвори курсот и следете ги инструкциите во рамките на курсот
 
                            
 
 .
           

Supported by




| ??????
Моментално посетители: 72
Вкупно посетители: 10063065

 
Почетна | За нас | Патници | Бизнис заедница | Контакт |Мапа на са?тот
?2004 Царинска управа на Република Македони?а