Почетна | За нас Патници |Бизнис заедница| Контакт|Мапа на са?тот
Пребарување:
 

 
Курс за електронско учење за ЕОПП
(Курс за Единствено одобрение за поедноставени постапки)
 
Во рамките на Програмата Царина 2013, Европската комисија подготви курс за електронско учење со цел да им помогне на царинските службеници и економските оператори од ЕУ да го имплементираат Единственото одобрение за поедноставени постапки (ЕОПП). Обуката беше подготвена во соработка со царински експерти и претставници на деловната заедница и е достапна за слободно користење.
 
Што е ЕОПП?
ЕОПП е единствено одобрение за употреба на декларацијата со поедноставувања или постапката за локално царинење во повеќе од една земја-членка. Му овозможува на економскиот оператор да го централизира сметководството и плаќањето на сите негови царинските давачки во земјите-членки каде е регистриран, без оглед каде се случува движењето на стоката. Физичката контрола и пуштањето на стоката може да се одвива во друга земја-членка.
 
За курсот за електронско учење  
Оваа обука обезбедува детални практични насоки за економските оператори и царинските службеници како да го спроведуваат Единственото одобрение за поедноставени постапки. Се состои од околу четири часа интерактивен материјал поделен во четири лекции и тоа:
1.                   Контекст на ЕОПП и клучни концепти;
2.                   Барање за ЕОПП и процес на издавање на одобрение;
3.                   Работа и управување со ЕОПП;
4.                   Проверка на знаењето.
 
Како да се започне и користи курсот?
Кликнете на иконата за да го отворите курсот и следете ги инструкциите во рамките на курсот. Се препорачува материјалот да се подели и да се учи на неколкупати

Supported by




| ??????
Моментално посетители: 74
Вкупно посетители: 10063067

 
Почетна | За нас | Патници | Бизнис заедница | Контакт |Мапа на са?тот
?2004 Царинска управа на Република Македони?а