Почетна | За нас Патници |Бизнис заедница| Контакт|Мапа на са?тот
Пребарување:
 

 
Курс за ОЕО
 
Добредојдовте!
Добредојдовте во овој електронски курс кој е дизајниран да им помогне на компаниите да ги научат релевантните факти за новото законодавство за овластен економски оператор (ОЕО) и процесот на добивање на статус на ОЕО.
 
Зошто темата за ОЕО е важна за трговијата?
ОЕО е концепт кој има за цел балансирање на зголемените критериуми за безбедност со олеснувања за компаниите кои ги почитуваат правилата. Претставува главен елемент на Програмата на Европската унија за царинска безбедност.
Обуката има за цел да ги информира компаниите за новото законодавство и придобивките поврзани со статусот на ОЕО. Исто така, треба да даде упатства како да се стане ОЕО. Намерата е да претставува помошна алатка за деловната заедница.
 
Што ќе научите со овој курс?
Откако ќе го учите овој курс Вие:
·                     Ќе се запознаете со контекстот на ОЕО;
·                     Ќе знаете зошто може Вам да Ви биде корисен статусот на ОЕО;
·                     Ќе се запознаете со трите статуси на ОЕО;
·                     Ќе знаете како да аплицирате за сертификат за ОЕО;
·                     Ќе се запознаете со критериумите кои треба да се исполнат и како треба да се подготвите за тоа;
·                     Ќе го сфатите процесот на донесување на одлука на Царината;
·                     Ќе знаете што треба да преземете откако ќе се одобри статусот на ОЕО.
 
Законски измени воведени по подготовката на курсот за ОЕО
Ве молиме да забележите дека откако е подготвен курсот, воведени се следните измени во законодавството, а кои се поврзани со содржината на курсот:
1.                    Од 01/07/2009 година задолжително е економските оператори да го внесат својот ЕОРИ број во рубрика 9 од барањето за ОЕО и
2.                    Крајниот рок за издавање на сертификатот е 120 календарски дена
 
Како беше подготвен курсот?
Курсот беше подготвен во рамките на Програмата Царина 2013. Содржината беше креирана од проектен тим составен од национални експерти и службеници кои работат во Генералниот директорат на Европската комисија за царинска и даночна унија. Курсот содржи теми за кои се смета дека се од заеднички интерес насекаде низ ЕУ.
 
Како треба да се следи курсот?
Овој курс е поделен на пет лекции и тоа:
 
Лекција
Наслов
Приближно време за завршување (во минути)
1.
Вовед во курсот
25:00
2.
Контекст на ОЕО и клучни прашања
40:00
3.
Трите сертификати за ОЕО
35:00
4.
Постапката за ОЕО
35:00
5.
Тест за проверка на знаењето
30:00
 
Се препорачува:
·                     корисниците да ги следат петте лекции според редоследот во кој се дадени;  
·                     да се распореди учењето на овие лекции на неколку дена за да се избегне преоптовареност со информации;
·                     корисникот да има можност да разговара со други за наученото; 
·                     да му се олесни на корисникот да го поврзе материјалот со неговата/нејзината работна средина
Како треба да почнам да го користам овој курс?
 
Кликнете на иконата за да го отворите курсот и следете ги инструкциите во рамките на курсот
 

Supported by




| ??????
Моментално посетители: 75
Вкупно посетители: 10063068

 
Почетна | За нас | Патници | Бизнис заедница | Контакт |Мапа на са?тот
?2004 Царинска управа на Република Македони?а