Почетна | За нас Патници |Бизнис заедница| Контакт|Мапа на са?тот
Пребарување:
 

 
 Поштенски пратки / Царинење на поштенски пратки
 
Испраќач: Физичко лице - Примач: Физичко лице 
 
Стока испратена од странство од физичко лице во помали пратки со писмо или поштенски пакет која ја прима физичко лице кое живее или има одобрен престој во Република Македонија е ослободена од плаќање на увозни давачки и ДДВ, под услов вкупната вредност на пратката да не надминува 45 ЕВРА во денарска противвредност.
 
Ослободувањето не важи за пратки кои содржат алкохол и пијалоци што содржат алкохол, парфеми и тоалетни води, тутун и производи од тутун.
 
 
Испраќач: Фирма - Примач: Физичко или правно лице
 
Стока испратена од странство од правно лице (фирма) во помали пратки со писмо или поштенски пакет која ја прима физичко лице кое живее или има одобрен престој во Република Македонија е ослободена од плаќање на увозни давачки и ДДВ под услов вкупната вредност на пратката да не надминува 22 ЕВРА во денарска противвредност, со вклучени транспортни и манипулативни трошоци.
 
Доколку вредноста на стоката е од 22 до 45 евра, истата е ослободена од плаќање царински давачки, но подлежи на плаќање на ДДВ.
 
Стока чија вредност надминува вредност од 45 ЕВРА подлежи на плаќање и на увозни давачки и на ДДВ.
 
Ослободувањето не важи за пратки кои содржат алкохол и пијалоци што содржат алкохол, парфеми и тоалетни води, тутун и производи од тутун.
 
Дополнителни информации можете да најдете на следниот линк:
 

Поштенска пратка

Давачки

Напомена 

 
 
 
Пратки со мала вредност до 22 Евра во денарска противвредност Ослободени од царина и ДДВ Не се однесува на алкохолни пијалоци, тутунски производи, парфеми и тоалетни води
Бесплатни пратки кои физички лица ги испраќаат на физички лица, наменети за лична употреба во вредност до 45 евра во денарска противвредност Ослободени од царина и ДДВ Не се однесува на алкохолни пијалоци, тутунски производи, парфеми и тоалетни води
Пратки кои фирми ги праќаат на физички или правни лица во вредност до 45 евра во денарска противвредност
Ослободени од царина.
ДДВ се наплаќа.
Не се однесува на алкохолни пијалоци, тутунски производи, парфеми и тоалетни води
Пратки чија вредност надминува вредност од 45 ЕВРА  
Се плаќа и царина и ДДВ.
Не се однесува на алкохолни пијалоци, тутунски производи, парфеми и тоалетни води
MK | EN | SQ
 Новини
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
повеќе ...
ИЗВЕШТАЈ ЦУРМ ТРЕТ КВАРТАЛ 2015
повеќе ...
 Сервиси

Supported by




| ??????
Моментално посетители: 98
Вкупно посетители: 10063094

 
Почетна | За нас | Патници | Бизнис заедница | Контакт |Мапа на са?тот
?2004 Царинска управа на Република Македони?а