Почетна | За нас Патници |Бизнис заедница| Контакт|Мапа на са?тот
Пребарување:
 

 
 Членство во меѓународни организации

.

Република Македонија е член на Светска царинска организација (СЦО) (формирана како   Советот за царинска соработка), основана во 1952 година во Брисел, Белгија, од 1 јули 1994 година и активно учествува во нејзината работа. Основна цел на оваа организација, во која денеска членуваат 180 држави од целиот свет, односно нивните царински служби,  е постигнување на највисоко ниво на хармонизација и еднообразност на царинските системи, проучување на проблемите на кои се наидува во развојот и подобрувањето на царинските техники и царинското законодавство.

Преку оваа организација Земјите членки ја унапредуваат својата царинска соработка во интерес на промовирање на меѓународната трговија. Една од основните функции на Советот е давањето на препораки за обезбедување на еднообразност во толкувањето и примената на одредени конвенции склучени под негово покровителство. Под нејзино покровителство се донесени 12 меѓународни конвенции и занчителен број на препораки.  


Република Македонија е член на Регионални разузнавачки канцеларии за врска - Regional Intelligence Liaison Offices (RILO)

Под покровителство на Светската царинска организација воспсотавена е мрежа на канцеларии за размена на царински разузнавачки информации, кои имаат за цел преку нивна размена на регионално и глобално ниво,  да придонесат кон засилувањето и поголемата ефикасност во борбата против царинските измами и повредата на царинското законодавство. Врз регионална поделба воспостваени се 11 канцлераии за: Западна Европа, Источна и Централан Европа, Среден Исток, Азија и Пацифик, Севрна Африка, Западна Африка, Источна и Јужна Африка, Јужна Америка, Кариби, Централна Америка и Заедница на независните држави (Русија и 9 републики на поранешниот СССР). Република Македонија припаѓа на регионот на Источна и Централна Европа, со централна канцлеарија во Варшава, Полска.

Размената на податоците се врши преку специјално подготвен инфомратички систем -Царинска мрежа на податоци за спречување на криминалот (Customs Enforcement Network –  CEN), преку која, со почитување на највисоки стандарди за безбедност и заштите на податоците, е овозможен пристап до повеќе бази на податоци и директна размена на пораки помеѓу членките. Разменетите информации претставуваат помош во борбата против недозволената трговија и царинските измами. Базите на податоци ги содржат информации за извршените одземања на стоки по однос на повредата на царинското законодавство.

Република Македонија е членка оснoвач на Центарот за спроведување на закон во Југоисточна Европа (SELEC) меѓународна организација за спроведување на закон со 12 земји членки од Југоисточна Европа, формирана со цел да обезбеди поддршка за своите земји членки и да ја подобри координацијата на активностите за спречување и сузбивање на криминал, вклучувајќи и сериозен и организиран криминал, во ситуации каде во ваков криминал е вклучен или се чини дека е вклучен елемент на прекугранична активност.
 
SELEC има повеќе од 15 годишно искуство и стручност за успешно спроведување на заеднички истраги и операции на регионално ниво, за олеснување на брза размена на информации преку офицерите за врски на своите земји членки кои се распоредени на работни задачи во Управата на SELEC во Букурешт, Романија.
 
Оперативните активности на SELEC се спроведуваат преку осум работни групи кои се занимаваат со прашања поврзани со криумчарење на дрога, финансиски и компјутерски криминал, шверц и царинска измама, недозволена трговија со луѓе, тероризам, украдени возила, криминал поврзан со животната средина и природата, а во овие оперативни активности Република Македонија е координатор на Работната група за финансиски и компјутерски криминал и Работната под-група за криминал поврзан со културно наследство која е дел од Работната група за криминал поврзан со животната средина и природата.
 
За повеќе информации посетете ја www.selec.org
MK | EN | SQ
 Новини
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
повеќе ...
ИЗВЕШТАЈ ЦУРМ ТРЕТ КВАРТАЛ 2015
повеќе ...
 Сервиси

Supported by




| ??????
Моментално посетители: 175
Вкупно посетители: 10056096

 
Почетна | За нас | Патници | Бизнис заедница | Контакт |Мапа на са?тот
?2004 Царинска управа на Република Македони?а