Почетна | За нас Патници |Бизнис заедница| Контакт|Мапа на са?тот
Пребарување:
 

 
 EMCS
 
Во рамките на Програмата Фискалис 2013, Европската комисија подготви курс за електронско учење за да им помогне на царинските и даночните службеници од земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство во ЕУ, како и на економските оператори за користење на системот за контрола на движење на акцизни стоки. Обуката е подготвена од Генералниот директорат на Комисијата за царинска и даночна унија во тесна соработка со даночни експерти и е достапен за слободно користење.
 
Овој курс за електронско учење ги обезбедува сите клучни информации за Системот за контрола на движење на акцизни стоки (EMCS). Овој курс е корисен и за економските оператори што работат со акцизни стоки.

Што е EMCS?
.
EMCS е компјутеризиран систем за следење на движењето на акцизните стоки во рамките на ЕУ. Акцизни стоки се: алкохол и алкохолни пијалаци, тутун и енергетски производи.
EMCS овозможува поедноставување на постапките, безхартиено администрирање, сигурно движење на стоки, побрзо ослободување на гаранцијата за трговците и ефективно набљудување, како резултат на информациите во реално време и проверки за време движењето.
Од 1 јануари 2011 година придружниот административен акцизен документ во хартиена форма (ААД) за новите акцизни движења по системот на одлагање на акцизните давачки е укинат и акцизните движења се евидентиораат со користење на EMCS (создавање електронски акцизни документи или e-АД). Законодавството на ЕУ за користење на EMCS е наведено во посебен дел.
.
За курсот за електронско учење
.
Овој курс е создаден да ги обезбеди неопходните информации на царинските службеници и економските оператори пред да започнат со користење на EMCS. Тој обезбедува информации за тоа каков вид на податоци се зачувуваат во ЕМCS и како може истите подоцна да бидат искористени

После завршувањето на курсот учесниците ќе имаат можност подобро да го разберат движењето на пораките во EMCS од испраќачот до примачот што се наоѓа во друга земја членка на ЕУ, улогата на различните учесници во процесот, какви податоци треба да се внесат во е-АД, како и специфичностите на одвивањето на тековите во Со овој курс опфатени се само постапките регулирани со законодавството на ЕУ, додека националните примени на EMCS не се опфатени во овој курс.
 
Курсот вклучува интерактивни сценарија со цел подобро да се демонстрира системот. Истиот се состои од четири дела и тоа:
1. Поднесување и прифаќање
2. Извоз
3. Управување со податоци за регистрација
4. Управување со референтни податоци
 
Со овој курс опфатени се само постапките регулирани со законодавството на ЕУ, додека националните примени на EMCS не се опфатени во овој курс.
 
Како да се започне и користи курсот?
.
Кликнете на иконата за да го отворите курсот и следете ги инструкциите во рамките на курсот. Се препорачува материјалот да се подели и да се учи неколкупати.

 
 
MK | EN | SQ

Supported by




| ??????
Моментално посетители: 70
Вкупно посетители: 10063061

 
Почетна | За нас | Патници | Бизнис заедница | Контакт |Мапа на са?тот
?2004 Царинска управа на Република Македони?а