Почетна | За нас Патници |Бизнис заедница| Контакт|Мапа на са?тот
Пребарување:
 

 
 
  Царински музеј  
 
Тргнувајќи од потребата за зачување и одржување на наследството на царинската служба, во светот кој многу брзо се менува, во време на огромни предизвици со кои се соочуваат царинските управи, а кои се последица на зголемениот обем на трговската размена, глобализацијата и регионалната интеграција, Царинската управа на Република Македонија на 02.04.2012 година во рамки на програмата за одбележување на 20 годишниот јубилеј од постоењето го промовира првиот Царински музеј.
 
На 03.10.2012 година како дополнителна активност на музејот со основна идеја за прикажување на интересот на Царинската управа на Република Македонија за подобрување на информираноста и знаењето на патниците за нивните права и обврски при влегување и излегување од царинското подрачје на Република Македонија, се отвори првиот Информативен музејски простор на аеродромот „Александар Велики“.
  Мисија  
 
Реафирмирајќи ја нашата посветеност за придонес за понатамошно зајакнување на соработката и истражување на нови можности за подобрување на комуникација помеѓу царинските управи, заедно со единствената цел за зачувување на нашето царинско наследство за идните генерации е основата на постоењето на Царинските музеи.
 
     Локација и инфраструктура  
 
Царинскиот музеј се наоѓа во Централната управа на Царинската управа. Царинскиот музеј содржински е составен од 5 (пет) области со повеќе од 250 предмети и го опфаќа периодот на царинското работење во поранешната југословенска федерација и периодот после прогласувањето на независност на Република Македонија. Царинскиот музеј освен витринската поставка по области, содржински има и 9 (девет) информативни паноа, каде се претставени активностите и резултатите од работењето на сите организациски единици (сектори и одделенија) во Царинската управа на Република Македонија.
Царински музеј (ул.Лазар Личеноски бр.13, Скопје)
     
 
   
Информативниот музејски простор (ИМП) локациски е сместен во делот на зградата за патници на аеродромот во Скопје, во делот предвиден за излез од царинското подрачје на Република Македонија. ИМП во делот на содржините се состои од поставка, банери и брошури со порака за патниците. На овој простор, во посебни стаклени витрини и на маси се поставени различни видови на стоки и предмети (стока која е дозволена и забранета за внесување/изнесување и ограничувања, стоки и предмети кои подлежат на царински давачки, стоки и предмети на заштитени трговски марки, стоки и предмети од животинско потекло, артефакти и археолошки предмети кои подлежат на заштита според Конвенции за меѓународна трговија) и информативни брошури (печатени флаери). Збирката вкупно поседува повеке од 350 музејски предмети.
 
Информативен музејски простор (ИМП) (аеродром Скопје)

 

 
   
  Контакт  
.
  Златко Блажевски 
Одговорно лице за уредување на историјата на Царинска управа
Царинска управа на Република Македонија
ул. “Лазар Личеноски” бр. 13, 1000 Скопје
Република Македонија

 

MK | EN | SQ
 Новини
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
повеќе ...
ИЗВЕШТАЈ ЦУРМ ТРЕТ КВАРТАЛ 2015
повеќе ...
 Сервиси

Supported by




| ??????
Моментално посетители: 183
Вкупно посетители: 10056113

 
Почетна | За нас | Патници | Бизнис заедница | Контакт |Мапа на са?тот
?2004 Царинска управа на Република Македони?а