Customs Adminstration, Republic of Macedonia  
Дома Пребарување Членови НПП Регистрација Најава  
НПП за Форуми
Најчесто поставувани прашања
Најчесто поставувани прашања
Регистрација и најава
Зошто треба да се регистрирам?
Како да се регистрирам?
Имам корисничко име и лозинка, како да се најавам?
Само што се најавив, зошто автоматски сум одјавен?
Го заборавив моето корисничко име и/или лозинката.
Што ако сум веќе регистриран/а, но се уште не можам да се најавам?
Се најавував, но сега не можам да се најавам?

Кориснички профил и подесувања
Што е профил?
Зошто би сакал/а да ја променам мојата временска зона?
Како да додадам потпис во моите коментари?
Што е заштитно лице?
Како да го подесам моето заштитно лице?
Како да го променам јазикот кој се користи во форумот?
Како да го подесам форматот на датумот?
Како да го отстранам емаил-следењето?
Кои се останати икони/заштитни лица кои се појавуваат веднаш до корисниците?
Зошто мора да се најавам за да испраќам коментари, прегледувам членови, или да испраќам е-маили на други корисници?

Приватност и безбедност
Како да ја променам лозинката?
Како да го променам корисничкото име?
Како да ја променам мојата е-маил адреса?
Кои подесувања во профилот се задолжителни?
Што ако не сакам моето име да се прикажува во листата на членови?

Навигација
Што е форум група?
Што е форум?
Што е низа?
Што значат иконите во низата?
Кога го прегледувам форумот не гледам ниту една низа/коментар?
Само што испратив порака, како може да не ја гледам?
Што значат различните икони веднаш до низите?
Што е низа за објави?
Што е низа-стикер?
Што е заклучена низа?
Можам ли да сортирам низи при преглед на форумот?
Што значи ‘XML’ иконата долу на страната на форумот?
Што значи црвена/зелена икона веднаш до корисничкото има при преглед на коментар?
Не можам да пристапам до форум за кој со сигурност знам дека постои.

Коментари
Можам ли да користам HTML?
Што е BBCode?
Можам ли да прикачувам додатоци кон моите коментари?
Што се емоции?
Како да испратам нов коментар во форумот?
Како да испратам реплика на постоечки коментар?
Како да ги изменам моите коментари?
Како да ги избришам моите коментари?
Мојот коментар има зборови заменети со ***?
Како да додадам потпис во моите коментари?
Како да додадам заштитно лице во моите коментари?

Кориснички групи и дозволи
Што се дозволи?
Што е администратор?
Што е модератор?
Што е форум ролја?
Како да се придружам во форум ролја или група?

Приватни пораки

Пребарување

За ASP.NET Forums
Што се ASP.NET Forums?
Кој ги користи ASP.NET Forums?
Кој ги креира ASP.NET Forums?
Каде можам да најдам ASP.NET Forums?
Што е со лиценцата за користење на форумите?
Што со мовите можности кои ги креирав или со баговите кои ги решив?

Регистрација и најава
Зошто треба да се регистрирам?
Во зависност од тоа како администраторот ја конфигурирал инсталацијата за форумите, можеби ќе треба да креирате нов корисник за да испраќате коментари, и во некои случаи за да ги читате коментарите на другите корисници; повеќе конфигурации дозволуваат читање на пораки иако не сте регистрирани. Форумите исто така, овозможуваат испраќање на анонимни коментари и администраторот може да конфигурира некои форуми да дозволуваат коментари на анонимни/гости. За да имате пристап до сите можности кои ги нудат форумите, како подесување на Вашето заштитно лице, следење на број на коментари, праќање маил на корисниците, приватни пораки, пристап до приватни форуми, и многу други за кои ќе треба да бидете регистриран корисник. Доволни се само неколку секунди за да се регистрирате, и препорачливо е да го направите тоа.
Врати се горе
Како да се регистрирам?
За да креирате нов корисник ќе треба да ја посетите страната за регистрација и да ја пополните формата за креирање на нов корисник. Таму ќе ги специфицирате деталите како Вашето корисничко име и е-маил адресата – во зависност од тоа како се конфигурираните форумите, можеби ќе треба да наведете и лозинка. Ако не Ви се бара лозинка, после успешната регистрација лозинката ќе Ви биде испратена на Вашата е-маил адреса.
Врати се горе
Имам корисничко име и лозинка, како да се најавам?
По успешната регистрација би требало да имате корисничко име и лозинка. Тогаш можете да ја посетите страната за најава и да го внесете корисничкото име и лозинката за да се најавите на форумите.
Врати се горе
Само што се најавив, зошто автоматски сум одјавен?
При најавата ако не ја штиклирате опцијата ‘Запамети лозинка’ ќе бидете автоматски одјавени после администраторски-дефинираната должина на временска неактивност, најчесто 20 минути. Ако сакате секогаш да се најавувате автоматски во форумите, штиклирајте ја ‘Запамети лозинка’ рамката за потврда.
Врати се горе
Го заборавив моето корисничко име и/или лозинката.
Ако сте го заборавиле Вашето корисничко име и/или лозинката, може да ја посетите страницата Ја заборавите Вашата лозинка и ќе ги добиете на е-маил и корисничкото име и новата лозинка доколку ја внесете е-маил адресата која сте ја оставиле при регистрацијата. Ќе ви биде испратена нова лозинка, бидејќи Вашата лозинка се чува енкриптирана и не постои можност за добивање на оригиналната вредност. Откако ќе го добиете корисничкото име и новата лозинка може да се најавите и да ја измените Вашата лозинка.
Врати се горе
Што ако сум веќе регистриран/а, но се уште не можам да се најавам?
Ако сте веќе регистрирани, но не можете да се најавите, проверете прво дали имате валидно корисничко име и лозинка. Ако сте сигурно дека корисничкото име и лозинката се валидни, а сепак не можете да се најавите, или потребна е активација на корисник или корисникот е ставен на чекање. Во ваков случај накдобро е да го контактирате бордот на администратори или модератори.
Врати се горе
Се најавував, но сега не можам да се најавам?
Проверете прво дали имате валидно корисничко име и лозинка. Ако се уште не можете да се најавите, Вашиот кориснички профил е ставен на чекање или избришан заради неактивност. Контактирајте го бордот на администратори и/или модератори.
Врати се горе

Кориснички профил и подесувања
Што е профил?
Профил е информација за вас како корисник која го контролира изгледот на информациите во форумите. Тука се вклучени деталите околу коментарите за кои Вие имате придонес, лични информации кои сакате да ги поделите како Вашата Веб адреса или адресата на Веб дневникот, како и подесувањето за контрола на комуникацијата со форумите: теми (графички изглед), временска зона, и многу други подесувања.
Врати се горе
Зошто би сакал/а да ја променам мојата временска зона?
Откако во форумот ќе ја наведете Вашата временска зона во која се наоѓата, тој ќе ги прикажува сите датуми релативно во однос на Вашата временска зона.
Врати се горе
Како да додадам потпис во моите коментари?
Потписот е порака која се додава на крајот на секој коментар кој го испраќате во форумот. Може да го менувате Вашиот потпис од страната за профилот. Потписот ќе се појавува најдолу во сите пораки кои ќе ги испратите во форумот.
Врати се горе
Што е заштитно лице?
Заштитно лице е можност во форумот кој дозволува една слика да се прикажува покрај вашите коментари. Заштитното лице може да е овозможено или оневозможено од администраторот на форумите.
Врати се горе
Како да го подесам моето заштитно лице?
Ако заштитни лица се овозможени за користење од администраторот, ќе видите секција за заштитно лице во при преглед на Вашиот профил. Од таму може да пополните име на заштитно лице, како и да префрлите заштитно лице или да специфицирате URL до заштитното лице. Исто така ќе треба да го овозможите заштитното лице да биде видливо покрај Вашите коментари.
Врати се горе
Како да го променам јазикот кој се користи во форумот?
Форумот е дизајниран да биде повеќе-јазичен. Моментално можни се два јазици, Македонски и Англиски, но може да се исталираат додатни јазични пакети и поддршка за други јазици. Проверете на http://forums.asp.net за јазични пакети. Во Вашиот профил ќе видите листа на можните јазици.
Врати се горе
Како да го подесам форматот на датумот?
Форматот на датумот кој се користи за приказ на податоци од тип датум може да го промените во Вашиот кориснички профил.
Врати се горе
Како да го отстранам емаил-следењето?
Е-маил следење е можност за праќање на сите измени и новитети на Вашата е-маил адреса за кои сте се пријавиле. Може да ги отстраните сите следења по е-маил глобално од Вашиот профил.
Врати се горе
Кои се останати икони/заштитни лица кои се појавуваат веднаш до корисниците?
Има многу различни икони кои може да се појават веднаш до корисничките имиња во форумите. Такви примери се кај администраторите, модераторите или топ автори. Други икони може да се прикажуваат врз основа на групите каде што припаѓа корисникот.
Врати се горе
Зошто мора да се најавам за да испраќам коментари, прегледувам членови, или да испраќам е-маили на други корисници?
Во зависност од тоа како администраторот ги конфигурирал форумите, мора да сте најавени пред да ги погледнете/користите овие области од форумот. Примарно, ова е за да се заштити приватноста на корисниците кои ги делат информациите или да се заштитат од несакани/непотребни е-маили.
Врати се горе

Приватност и безбедност
Како да ја променам лозинката?
Откако сте најавени може да ја промените лозинката од страната на Вашиот кориснички профил.
Врати се горе
Како да го променам корисничкото име?
Се додека администраторот не ги конфигурира форумите да дозволуваат промена на корисничко име, не може да го измените Вашето корисничко име. Во спротивно, може да го измените корисничкото име од страната за кориснички профил.
Врати се горе
Како да ја променам мојата е-маил адреса?
Откако сте најавени, може да ја промените Вашата приватна е-маил адреса од страната на Вашиот кориснички профил.
Врати се горе
Кои подесувања во профилот се задолжителни?
Единствено задолжително подесување во профилот е Вашата приватна е-маил адреса. Оваа е-маил адреса се користи кога ќе се пријавите во форум низите или за испраќање на заборавено корисничко име/лозинка. Приватната е-маил адреса никогаш не е поделена или јавно прикажана. Ако сакате да ја поделите јавно е-маил адресата, користете го полето за јавна е-маил адреса. Останатите подесувања на профилот се опционални.
Врати се горе
Што ако не сакам моето име да се прикажува во листата на членови?
Може да подесите опција во Вашиот профил и Вашето име нема да се појавува во листите на членови, дури и во листите за тоа кој корисник е online.
Врати се горе

Навигација
Што е форум група?
Форум група е групирање на топ ниво на слични форум. Една форум група може да содржи 1 или повеќе форуми.
Врати се горе
Што е форум?
Форум претставува групација на слични низи на дискусии. Еден форум може да содржи 0 или повеќе низи и 0 или повеќе суб-форуми.
Врати се горе
Што е низа?
Низа е групација на слични коментари. Низата содржи 1 или повеќе коментари. Првиот коментар станува низа и репликите на оригиналниот коментар ги зголемуваат деталите на низата, како и бројот на реплики или последниот коментар.
Врати се горе
Што значат иконите во низата?
Легенда за икони во низа
Теми со коментари кои не сте ги прочитале.
Теми со коментари кои сте ги прочитале.
Популарни теми со коментари кои не сте ги прочитале. Темата станува популарна после поголем број на погледи и коментари (дефинирани од администраторот).
Популарни теми со коментари кои сте ги прочитале. Темата станува популарна после поголем број на погледни и коментари (дефинирани од администраторот).
Објави кои не сте ги прочитале
Објави кои сте ги прочитале
Означена тема со коментари кои не сте ги прочитале. Означените теми се прикажуваат пред другите теми се додека не станат неозначени.
Означена тема со коментари кои сте ги прочитале. Означените теми се прикажуваат пред другите теми се додека не станат неозначени.
Означена популарна тема со коментари кои не сте ги прочитале. Означена тема со доволно погледи или реплики за да стане популарна.
Означена популарна тема со коментари кои сте ги прочитале. Означена тема со доволно погледи или реплики за да стане популарна.
Заклучена тема со коментари кои не сте ги прочитале. Заклучените теми не дозволуваат реплики.
Заклучена тема со коментари кои сте ги прочитале. Заклучените теми не дозволуваат реплики.

Врати се горе
Кога го прегледувам форумот не гледам ниту една низа/коментар?
Форумот може да не прикажува ниту една низа ако во него нема низи или ако има ставено филтер на форумот и притоа ниедна низа не го задоволува критериумот на филтерот. Пример на филтер е филтрирање за приказ на низи понови од некој датум, како низите кои се нови во минатите 2 недели.
Врати се горе
Само што испратив порака, како може да не ја гледам?
Форумот може или не мора да биде модериран, во зависност од тоа како е конфугуриран. По испраќањето на коментар во модериран форум може да добиете порака во која пишува дека коментарот чека за проверка. Откако модераторот(и) го провериле Вашиот коментар тој ќе стане видлив. Модераторите имаат избор за преместување, измена или бришење на Вашиот коментар и да се осигураат дека коментарот тематски се вклопува во тековниот форум.
Врати се горе
Што значат различните икони веднаш до низите?
Иконите веднаш до низите при прегледот на форумот индицираат различен статус. Може да го поместите курсорот на глувчето над овие икони за да видите каков различен статус / типови на низи станува збор.
Врати се горе
Што е низа за објави?
Објава е специјален тип на кометар која секогаш се прикажува на врвот на форумот за точно конфигурирано време. Целта на објавата е да се зголеми гледаноста на одредени теми.
Врати се горе
Што е низа стикер
Стикер тема е специјален коментар кој се наоѓа на врвот на форумот за специфициран дел од времето. Стикер-темата е слична на објава, но објавата се појавува одвоено од другите низи и по правило не дозволува реплики.
Врати се горе
Што е заклучена низа?
Заклучена низа е специјален коментар на кој не може да се испратат реплики. Откако корисникот ќе заклучи некој коментар или администраторот/модераторот ќе заклучи низа, повеќе коментари во низата не се дозволени.
Врати се горе
Можам ли да сортирам низи при преглед на форумот?
Да, може да сортирате низи при преглед на форумот и тоа по: Автор, Реплики, Погледи и Последен коментар. Предефинирано сортирање за форумот е прикажување прво на најновите низи (Опаѓачки по Последен коментар). За сортирање едноставно кликнете на насловот на колоната, на пр. Последен коментар
Врати се горе
Што значи ‘XML’ иконата долу на страната на форумот?
XML иконата е линкувана до RSS подесувањето за форумот. RSS се користи за да дозволи на други апликации да се пријават за испраќање коментари во форумот.
Врати се горе
Што значи црвена/зелена икона веднаш до корисничкото има при преглед на коментар?
Оваа икона прикажува статус дали корисникот е online. Зелената икона значи дека корисникот е активен во моментот (или најчесто во последните 15 минути). Црвената икона значи дека корисникот не е активен во моментот. Може да го донесете глувчето над оваа икона за да ги погледнете деталите околу минатите активности на корисникот.
Врати се горе
Не можам да пристапам до форум за кој со сигурност знам дека постои.
Ако се обидувате да пристапите кон форум кој што порано сте го посетиле, а сега добивате грешка за ‘непознат форум’, постојат две причини. Првата причина е: форумот во кој се обидувате да пристапите е приватен, а Вие не сте пријавени. Втората можна причина е: форумот е одстранет.
Врати се горе

Коментари
Можам ли да користам HTML?
Да и не. Не може да внесувате директно HTML код во едиторот. Ако користите Internet Explorer, предефиниран едитор за креирање нови коментари ќе биде Rich Text едиторот кој автоматски ќе ги форматира коментарите користејќи HTML. Ако испраќате коментари со прегледувач различен од Internet Explorer, се користи стандарден HTML textbox и BBCode може да се користи за означување на коментари.
Врати се горе
Што е BBCode?
BBCode е специјална синтакса за форматирање на коментари составени само од текст.
Врати се горе
Можам ли да прикачувам додатоци кон моите коментари?
Да, но сепак, за тоа потребна е дозвола од модераторот(-ите) или администраторот(-ите) за корисниците на основа форум-кон-форум.
Врати се горе
Што се емоции?
Емоции (икони за емоции) се графички елементи кои може да се додаваат во телото на коментар кои изразуваат некакви емоции. Познат пример е користењето на насмевки во содржината на коментарот. Форумите имаат предефинирано множество на емоции, но администраторот може да додава дополнителни.
Врати се горе
Како да испратам нов коментар во форумот?
Може да испратите нова порака/коментар во форумот на неколку начини во зависност од тоа како администраторот го конфигурирал сајтот. При преглед на форумот треба да видите копче со слика каде пишува Нова тема. Кликот на оваа слика ќе Ве одведе на форма за испраќање коментар или ќе Ви побара прво да се најавите. Во зависнот од тоа како администраторот ги конфигурирал форумите, можеби ќе можете анонимно да праќате коментари во некои форуми, т.е. најава не е потребна. Ако не ја гледате сликата на која пишува Нова тема, можеби немате доволно привилегии – дури и по најавата – да испратите коментар во форумот иако имате дозвола да го погледате форумот.
Врати се горе
Како да испратам реплика на постоечки коментар?
Може да испратите реплика на постоечки коментар со користење на копчето со слика каде пишува Реплика или Цитат прикажани кај коментарот. Ако не ја гледате сликата со Реплика или Цитат при прегледот на коментарот, или немате дозвола за реплика или не се дозволени реплики за коментарот.
Врати се горе
Како да ги изменам моите коментари?
Ако администраторот или модераторот го конфигурирале форумот или Вашата ролја да дозволува измена на коментарите, ќе видите едно копче со слика каде пишува Измени, веднаш до коментарите кои сте ги креирале. Со кликнување на оваа слика имате дозвола за менување на вашиот коментар.
Врати се горе
Како да ги избришам моите коментари?
Ако администраторот или модераторот го конфигурирале форумот или Вашата ролја да дозволува бришење на коментарите, ќе видите едно копче со слика каде пишува Избриши, веднаш до новите коментари кои сте ги креирале. Ако креираниот коментар има една или повеќе реплики, тогаш нема да можете да го избришете коментарот.
Врати се горе
Мојот коментар има зборови заменети со ***?
Администраторот може да има специфицирано филтер по зборови за коментарите. Кога при филтрирање на зборови се пронајдат некои зборови кои се декларирани како вулгарни, тие се филтрираат и се заменуваат со карактерот ‘*’.
Врати се горе
Како да додадам потпис во моите коментари?
Погледнете Како да додадам потпис во моите коментари? во секцијата Кориснички профил и подесувања.
Врати се горе
Како да додадам заштитно лице во моите коментари?
Погледнете Што е заштитно лице? и Како да го подесам моето заштитно лице? во секцијата Кориснички профил и подесувања.
Врати се горе

Кориснички групи и дозволи
Што се дозволи?
Дозволите контролираат што можете или што не можете да правите при прегледувањето на форумите. При користењето на предефинираните погледи на форумот, дозволите се прикажани во долниот десен агол на секоја страна (каде дозволите се применливи). Дозволите кои ги имате ги контролираат сите аспекти на Вашиот преглед во форумите.
Врати се горе
Што е администратор?
Администраторот го поседува највисокото ниво на дозволи во форумите. По дефиниција, администраторот има целосна дозвола во форумите за да изведе било каква акција, на пр. модерирање коментари, проверка на корисници, креирање нови форуми, итн. Администраторите припаѓаат на Форум-Администратор групата.
Врати се горе
Што е модератор?
Модераторот го поседува второто (највисоко) ниво во форумите. По дефиниција, модераторот може да изведува неограничен број на акции во партикуларен форум или во множество форуми. Тука е вклучено проверка на коментари, преместување коментари, бришење коментари, измена на коментари, или банирање на корисници. Ако имате проблем со одреден форум, најдобро е да почнете од модераторот. Модераторите припаѓаат на различни групи конфигурирани од администраторот.
Врати се горе
Што е форум ролја?
Форум ролја претставува групирање на неколку корисници со цел за доделување одредени привилегии/дозволи. Дополнително, доделувањето на заднички привилегии на форум група исто така може да се прикажува слика на секој член од таа група. Форум ролјите ја олеснуваат администрацијата и модерирањето на форумите бидејќи на корисниците прво им се доделуваат ролји, и потоа се применуваат привилегии/дозволи врз основа на ови ролји.
Врати се горе
Како да се придружам во форум ролја или група?
На корисниците им се доделуваат форум ролји од администраторот или модераторот. Ако сакате да се придружите на некоја посебна форум ролја, испратете му приватна порака или е-маил на еден од нејзините членови за повеќе информации.
Врати се горе

Приватни пораки

Пребарување