| Известување за можноста за регулирање на статусот на возилата со странски таблички кои ги управуваат лица со регулиран престој во странство
Со измена на повеќе прописи намалени се давачките за увоз и поедноставена е постапката на царинење на употребувани патнички возила. Овие олеснувања се однесуваат и на возилата со странски таблички кои ги управуваат лица со регулиран престој во странство.
Бидејќи дел од измените се привремени, апелираме сопствениците на вакви возила кои имаат намера да го регулираат нивниот статус, да ја искористат оваа можност што поскоро.
Поволностите за увоз на овие возила се следни:
- Измена на условите за увоз и регистрација на возилата:
Со измена на правилник, до средината на август 2010 се овозможува увоз на патнички возила со еуро1 стандард, односно, зависно од моделот, на возила со старост и до 18 години. Во следните 6 години е овозможен увоз на возила кои исполнуваат еуро2 стандард.
Исто така, постапката на проверка на исполнување на техничките услови (хомологација) се врши по завршувањето на царинската постапка, наместо пред, што овозможува возилата да не мора да се сместуваат во царински склад со што се намалуваат трошоците за спроведување на постапката.
- Намалена акциза:
Со измените на Законот за акцизи, акцизата се пресметува врз основа на вредноста на возилото (царинска вредност зголемена за износот на царина), и за возилата со помала вредност е 0 или многу ниска (0 до 3000 евра, 0.5 % до 4000 евра, 1% до 5000 евра, 1.5% до 6000 евра и тн.).
Пред измените, акцизата се пресметуваше врз основа на зафатнината на моторот во цм3, односно до 1000 цм3 немаше акциза, од 1000 до 1500 акцизата изнесуваше 15000 денари, до 2000 цм3 веќе 74000 денари, до 2500 цм3 160000 денари итн.
- Намалена царина:
Со измена на Законот за царинска тарифа, царинската стапка за употребувани возила е намалена од 10 % на 5%, односно од 2% на 1% за возила произведени во Европска унија (за примена на намалена стапка потребен е доказ за потекло ЕУР-1 или изјава во фактура).
- Продолжен рок за престој (привремен увоз) на патнички возила со странски регистерски таблички кои ги управуваат лица со регулиран престој во странство:
Со цел да се даде дополнителен рок за регулирање на статусот на овие возила, со измена на Уредбата за спроведување на Царинскиот закон, рокот за привремен увоз на возилата кои влегле во Македонија до 05.02.2010 година е продолжен до 30.09.2010 година. По оваа дата, рокот за престој на овие возила е 6 месеци во последните 12 месеци. Надминување на овој рок претставува царински прекршок.
- Можност за царинење без транзитна постапка:
Возилата со странски таблички кои веќе се наоѓаат во Република Македонија и ги управуваат лица со регулиран престој во странство, можат да започнат постапка на царинење без транзитна постапка на граничен премин, односно можат директно да се јават во царинските испостави каде се спроведува постапката на царинење на возила.
- Споредба на давачки по нови и стари прописи:
|
Фиат пунто, произведен 1998 година, 1108 цм3, 40 kw,
|
|
Вид на давачка
|
По измени
|
Пред измени
|
Разлика
|
|
Царина (5%)
|
3,931.00
|
7,862.00
|
3,931.00
|
|
Акциза
|
0
|
15,000.00
|
15000.00
|
|
ДДВ
|
15,490.00
|
18,898.00
|
3408.00
|
|
Еколошка такса
|
3,500.00
|
3,500.00
|
0
|
|
Вкупно (денари)
|
22,921.00
|
45,260.00
|
22,339.00
|
|
Голф 4, произведен 2000 година, 1595цм3, 74 kw
|
|
Вид на давачка
|
По измени
|
Пред измени
|
Разлика
|
|
Царина (1%)
|
2,552.00
|
5,104.00
|
2,552.00
|
|
Акциза (1%)
|
2,578.00
|
74,000.00
|
71,422.00
|
|
ДДВ
|
47,582.00
|
60,177.00
|
12,595.00
|
|
Еколошка такса
|
4,000.00
|
4,000.00
|
0
|
|
Вкупно (денари)
|
56,712.00
|
143,281.00
|
86,569.00
|
|
Ауди А4, произведен 2000 година, 2496 цм3 110 kw
|
|
Вид на давачка
|
По измени
|
Пред измени
|
Разлика
|
|
Царина (5%)
|
17,223.00
|
34,446.00
|
17,223.00
|
|
Акциза (1.5%)
|
5,425.00
|
160,000.00
|
154,575.00
|
|
ДДВ
|
66,980.00
|
97,003.00
|
30,023.00
|
|
Еколошка такса
|
5,000.00
|
5,000.00
|
0
|
|
Вкупно (денари)
|
94,628.00
|
296,449.00
|
201,821.00
|
- дали возилото ги исполнува хомологациските услови може да се провери кај следните овластени тела:
- АМСМ УСЛУГИ ХОМОЛОГАЦИЈА ДОЕЛ Скопје, Инспекциски места „Скопје-Чаир“ „Велес“ и „Битола“
- МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ од Скопје, Инспекциско место „Индустриска зона Железара“
- АУТОМАКЕДОНИЈА А.Д. од Скопје, ул. Мито Хаџивасилев; Инспекциско место „Стакларница“
- КОНФОРМА ДОЕЛ Скопје, бул. Илинден бр. 138 А, Инспекциско место „ИМ 1-Велес“ „ИМ 2-Радовиш“ и „ИМ 3 -Прилеп“
- АСУЦ „Боро Петрушевски“ од Скопје, бул.„Александар Македонски“ 26 б; Инспекциско место АСУЦ „Боро Петрушевски“
Царинската постапка се спроведува и давачките се плаќаат пред да се изврши техничкиот преглед за сообразност со хомологациските услови. Доколку возилото не ги исполнува овие услови, увозникот нема да може да го регистрира возилото и ќе се соочи со големи непотребни трошоци на враќање на возилото во странство.
- При царинење на возилото, неопходни се најмалку следните документи:
- оргинална сообраќајна книшка за возилото;
- изјава за вредност, доколку возилото подолго време е во сопственост на увозникот, или купопродажен договор, фактура и слично.
-
За да може да се утврди царинската вредност, потребно е да се достават следните минимални податоци за патнички возила:
- вид
- марка
- модел
- тип на возило
- погонско гориво
- број на врати
- година на производство
- работна зафатнина на моторот
- силина на моторот (киловати или коњски сили)
- ниво на опрема (на пример, ниво на опрема за ВОЛКСВАГЕН ГОЛФ: comfortline, trendline, highline и.т.н.)
- Царински испостави каде се спроведува постапка на царинење на возила
Царинењето на употребуваните патнички возила се врши по месна надлежност, односно според живеалиштето на увозникот, во следните царински испостави:
- ЦИ Скопје 1 , ул. „Колекторска“ бб, Скопје;
- ЦИ Скопје 2, ул.34 бб, Скопје;
- ЦИ Скопје 3, ул. ,,15ти Корпус,, бр.2, Скопје;
- ЦИ Куманово, магистрален пат М1 делница Табановце-Куманово, 7 км од Табановце;
- ЦИ Штип, ул. „Брегалничка“ бб Штип;
- ЦИ Гевгелија, граничен премин Богородица;
- ЦИ Битола, „Краварски пат“ бб, Битола.
11. Што е акцизна основица
Акцизна основица е царинската вредност утврдена согласно царинските прописи зголемена за износот на царината. Во царинската вредност се вклучуваат и транспортните трошоци и трошоците за осигурување доколку ги има.
|