Choose Language:  
 
Пребарување:
 

 
   
 Добредојдовте
Драги посетители,

Добредојдовте на Интернет страната на Царинската управа на Република Македонија.
Интернет страната на Царинската управа претставува обид, да направиме презентација за работата на Царинската управа, на пошироката јавност и на нашите колеги во светот, кои сме ние, како работиме, кои се нашите достигнувања.

повеќе...

 


 Актуелно
ПРОМЕНА НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА ЦАРИНСКАТА ИСПОСТАВА КАВАДАРЦИ
БРОЈ НА УВЕЗЕНИ ВОЗИЛА ВО 2010 ГОДИНА
СООПШТЕНИЕ за начинот на постапување со погрешните уплати на евидентната сметка 845-00960 на ЦУ
ПОВИК за регулирање на статусот на возила со странски таблички
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА НА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ УВОЗ НА УПОТРЕБУВАНИ ВОЗИЛА
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЦАРИНСКАТА ТАРИФА
 („Службен весник на Република Македонија бр. 35/2010)
ВОДИЧ ЗА ЦАРИНЕЊЕ НА СТОКИ 2010
ОДЛУКА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ И МЕНУВАЊЕ НА ЦАРИНСКАТА ТАРИФА ЗА 2010 ГОДИНА
(„Службен весник на Република Македонија” бр. 155/2009)
ДОЛЖНИЦИ ЗА НЕПЛАТЕН ДОЛГ ПО ИЗВРШНИ УПРАВНИ РЕШЕНИЈА
ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА ТРАНСПОРТНИ СРЕДСТВА
ПОДНЕСЕНИ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ
РАБОТНО ВРЕМЕ НА ЦАРИНСКИТЕ ИСПОСТАВИ

 


 
Вести
СООПШТЕНИЕ за начинот на постапување со погрешните уплати на евидентната сметка 845-00960 на ЦУ
 
 
Се известуваат учесниците во царинските постапки дека почнувајќи од 01.06.2010 година Царинската управа применува нов (поедноставен) начин на постапување со уплатените парични средства (јавни приходи) на евидентната сметка 845-ХХХ-00960 на Царинската управа, кои поради грешки при уплатата останале неповрзани со царинската декларација (ЕЦД) на која се однесуваат, како и со погрешно уплатените средства без да постои царински долг.
 
1. Доколку уплатените парични средства не се поврзани со конкретно ЕЦД поради неправилности и пропусти во образецот ПП50 (вирман) во полето ,,повикување на број,, и ,,цел на дознака,,  (од типот на погрешен референтен број и/или регистерски број на ЕЦД, погрешен број на управно решение, погрешна шифра на царинарница /или царинска испостава, погрешен податок за година, погрешен даночен број), треба да се поднесе  Барање за ИСПРАВКА НА ГРЕШКАТА на образец кој е во Прилог 1 на ова соопштение.
 
Ова барање мора да биде таксирано со 50,00 денари таксена марка и кон истото да биде приложен оригинален примерок на вирманот од извршената уплата или извод од сметката на обврзникот доколку уплатата е извршена по електронски пат.
 
Заради итност на постапките, ова барање заедно со прилозите наведени кон Прилог 1 може да се достави и по електронски пат на e-mail адресa oddeleniezanaplata@customs.gov.mk, односно истото треба да е секнирано со потпис, печат и таксена марка од 50,00 денари заедно со вирманот, а барателот има обврска истовремено да го достави и по редовна пошта. Секое непочитување од страна на барателите на обврската за доставување на барањето во оригинал по редовна пошта, предизвикува неодобрување на новоподнесени барања на овој начин.
 
2. Доколку се погрешно уплатени парични средства во смисла на погрешен даночен број на налогодавачот, број на сметка, како и кога одредени средства погрешно се уплатени без да постои обврска за плаќање на јавни приходи, треба да се достави Барање за ВРАЌАЊЕ НА ПОГРЕШНО УПЛАТЕНИТЕ ПАРИЧНИ СРЕДСТВА на образец кој е во Прилог 2 на ова соопштение.
 
Ова барање мора да биде таксирано со 50,00 денари таксена марка и вирманска уплата од 500,00 денари на име административна такса, на сметката 840-ХХХ-03161, приходна шифра 722313 00 (ХХХ значи шифра на општината во која има седиште уплатувачот на таксата) и кон истото да биде приложен оригинален примерок на вирманот од извршената уплата или извод од сметката на обврзникот доколку уплатата е извршена по електронски пат.
.
.
 
Скопје, 01.06.2010 год.
Назад 

Креиран од Admin1 на 08.06.2010
   

 Најава на настани

 Јавни набавки

 Продажба на стока

 Отстапени стоки


 Апликации
 
 
 
 

 Линкови


Моментално посетители: 70
Вкупно посетители: 2304531

Supported by

   
©2006 Customs Administration of the Republic of Macedonia