Choose Language:  
 
Пребарување:
 

 
   
 Добредојдовте
Драги посетители,

Добредојдовте на Интернет страната на Царинската управа на Република Македонија.
Интернет страната на Царинската управа претставува обид, да направиме презентација за работата на Царинската управа, на пошироката јавност и на нашите колеги во светот, кои сме ние, како работиме, кои се нашите достигнувања.

повеќе...

 


 Актуелно
ПРОМЕНА НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА ЦАРИНСКАТА ИСПОСТАВА КАВАДАРЦИ
БРОЈ НА УВЕЗЕНИ ВОЗИЛА ВО 2010 ГОДИНА
СООПШТЕНИЕ за начинот на постапување со погрешните уплати на евидентната сметка 845-00960 на ЦУ
ПОВИК за регулирање на статусот на возила со странски таблички
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА НА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ УВОЗ НА УПОТРЕБУВАНИ ВОЗИЛА
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЦАРИНСКАТА ТАРИФА
 („Службен весник на Република Македонија бр. 35/2010)
ВОДИЧ ЗА ЦАРИНЕЊЕ НА СТОКИ 2010
ОДЛУКА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ И МЕНУВАЊЕ НА ЦАРИНСКАТА ТАРИФА ЗА 2010 ГОДИНА
(„Службен весник на Република Македонија” бр. 155/2009)
ДОЛЖНИЦИ ЗА НЕПЛАТЕН ДОЛГ ПО ИЗВРШНИ УПРАВНИ РЕШЕНИЈА
ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА ТРАНСПОРТНИ СРЕДСТВА
ПОДНЕСЕНИ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ
РАБОТНО ВРЕМЕ НА ЦАРИНСКИТЕ ИСПОСТАВИ

 


 
Вести
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2010 за вработување на царински службеник во Царинска управа
 
 
Врз основа на член 7, 52 и 53 од Законот за Царинска управа (Службен весник на Р.М., број 46/2004, 81/2005, 107/2007, 103/2008, 64/2009, 105/2009 и 48/2010),
 
ЦАРИНСКА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2010
За вработување на царински службеник во
Царинска Управа
       
Царинската управа има потреба од вработување на 15 (петнаесет) царински службеници за следните слободни работни места
  
- 1 (еден) извршител, за работно место систем инженер – администратор на ИТ сигурност во служба за ИТ сигурност, одделение за техничка подршка, Сектор за информатички и комуникациски технологии при Царинска управа на Република Македонија со: Електротехнички, машински факултет, природно математички факултет - информатика, познавање на англиски јазик, без работно искуство.
Краток опис на работно место:Конфигурира и администрира контрола на пристап во ИТ-мрежата; Управува и контролира пристап на корисниците во Царинскиот систем; Врши администрација наАнтиВирус, АнтиСпѕњаре, АнтиСпамуреди и софтвер; Врши обука на корисници за користење на алатки за комуникација и пренос на податоци и информации и заштита на истите од намерни и случајни напади; Ги мониторира точките на пристап во Царинскиот систем и работата на системот, идентификацијата и автентикацијата; Соработува со останатите ИТ Администратори; Врши конфигурација и администрација на критериуми за пристап, идентификација и автентикација.
- 1 (еден) извршител, за работно место самостоен советник за развој на апликации, во одделение за развој, Сектор за информатички и комуникациски технологии при Царинска управа на Република Македонија со: Електротехнички, машински факултет, природно математички факултет - информатика, економски факултет, познавање на англиски јазик, без работно искуство.
Краток опис на работно место: Учествува во изработка на нови софтверски модули; Ги следи најновите програмски јазици и технологии за програмирање; Изготвува документација за секој изработен софтверски модул; Учествува во подготовка на термин план за изработка и имплементација на нови софтверски модули; Изготвува анализа за понатамошната надоградба или менување на постоечките софтверски решенија;
 
- 3 (три) извршители, за работно место цариник во царинарница Куманово со: Средна школска спрема од економски, технички, општ или административно управен смер во четиригодишно траење, познавање на компјутерско работење и познавање на англиски јазик, без работно искуство;
 
- 2 (два) извршители, за работно место цариник во царинарница Гевгелија со: Средна школска спрема од економски, технички, општ или административно управен смер во четиригодишно траење, познавање на компјутерско работење и познавање на англиски јазик, без работно искуство;
Краток опис на работно место: Врши работи на пријавување на стоките за царинење од упатните царински единици и води соодветна евиденција за истите; превзема мерки на царински надзор над стоките заради обезбедување на истите сместени во царинските магазицини, стоваришта, складишта, царинските зони и други простории и простори и во превозни средства; извршува одредени формалности во царинската постапка и врши наплата на царина и другите увозни давачки; Изготвува Записник за царински прекршок и спроведува мандатна постапка со издавање на покана за плаќање глоба или платен налог.
- 1 (еден) извршител, за работно место виш цариник во царинарница Куманово со: Економски, правен, машински, електротехнички, технолошки факултет и факултет со царинско шпедитерска насока, познавање на компјутерско работење и познавање на англиски јазик, без работно искуство.
- 7 (седум) извршители, за работно место виш цариник во царинарница Гевгелија со: Економски, правен, машински, електротехнички, технолошки факултет и факултет со царинско шпедитерска насока, познавање на компјутерско работење и познавање на англиски јазик, без работно искуство.
Краток опис на работно место: Врши прием и контрола на поднесената царинско-стокова документација од аспект на усогласеност со одредбите на царинските, надворешно-трговските и другите прописи; врши царински преглед на стоката и ја споредува најдената сосотојба со податоците од декларацијата и пратечките документи и утврдува дали стоката е правилно пријавена, по прегледот врши пресметка на царински и други давачки и води соодветна царинска евиденција, ја заверува декларацијата и пратечките документи. Изготвува Записник за царински прекршок, барање за поведување на прекршочна постапка  и спроведува мандатна постапка со издавање на покана за плаќање глоба или платен налог.
 
Заинтересираните кандидати се должни да достават ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИК  на изготвен образец во писмена форма. Со пријавата за вработување кандидатот е должен да ги достави следните документи во фото копија:
                - диплома за завршено образование со покажан успех во образованието,
-          други стручни оспособувања и усовршувања (уверенија, пофалници, цертификати, приложени трудови на семинари, симпозиуми и слично во земјата и странство).
-          уверение за државјанство, доказ за познавање на англиски јазик, доказ за познавање на компјутерско работење.
 
Бидејки приложените документи кон пријавата се во фотокопија, Царинската управа нема обврска истите да ги врати на пријавените кандидати.
Пријавата за вработување на царински службеник кандидатите можат да ја подигнат во архивата на Царинска управа или да ја најдат во електронска форма преку интернет страницата на Царинската управа (www.customs.gov.mk).
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост прецизно со точни податоци и да ги достават бараните докази.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 20 (дваесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
Ненавремената, некомплетно пополнета пријава и пријава која не ги содржи бараните докази нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за селекција и избор на Царинската управа.
Пополнетите пријави (документацијата прилог кон пријавата) кандидатите се дожни да ги достават исклучиво по пошта на следната адреса
 
Царинска управа
Сектор за управување со човечки ресурси
(со назнака за оглас број 2/2010)
Ул. ,, Лазар Личеновски,, бр. 13 -1000 Скопје
 
По спроведувањето на првична селекција и избор, ќе се изврши тестирање и интервју за што кандидатите ќе бидат повикани во Царинската управа, со обврска да достават докази за исполнување на условите за работното место за кое се пријавиле во оригинал или копија заверена на нотар.
Избраниот кандидат се вработува на пробна работа согласно член 53 од Законот за Царинска управа.
 
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ
ЦАРИНСКА УПРАВА  
 

Ве известуваме дека овој јавен оглас беше објавен на 10.07.2010 година во дневните весници Вечер и Коха. Рокот за поднесување на пријави е 20 дена истиот започнува да тече наредниот ден од објавата на овој оглас и завршува на 30.07.2010 година како последен ден за поднесување на пријави

Превземи пријава

Назад 

Креиран од admin на 12.07.2010
   

 Најава на настани

 Јавни набавки

 Продажба на стока

 Отстапени стоки


 Апликации
 
 
 
 

 Линкови


Моментално посетители: 48
Вкупно посетители: 2304579

Supported by

   
©2006 Customs Administration of the Republic of Macedonia