Во текот на минатата недела, при спроведување на редовните контроли на граничните и внатрешните царински испостави, царинските службеници спречија повеќе обиди за влез на непријавена и фалсификувана стока.
Притоа, привремено е задржана следната непријавена стока:
*На граничниот премин Аеродром Скопје
- 1 пиштол-кубура со музејска вредност, откриен при царински преглед на багажот на турски државјанин, кој, со намера да патува за Истанбул, се пријавил за излез од државата.
- 72 женски блузи, откриени при царински преглед на багажот на турски државјанин кој допатувал во државата со лет од Истанбул.
*На граничниот премин Јажинце - влез во државата
- 28 кг животински црева во саламура, откриени при царинска контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин. Непријавената стока била сокриена во багажникот, во просторот за резервна гума на возилото.
- 1 албанска патна исправа, откриена при царински преглед на патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин. Патната исправа, која гласела на име на лице кое има забрана за влез во Република Македонија, е предадена на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.
*Мобилни тимови
- 5,5м3 греди, откриени при детален преглед на товарно моторно возило со регистарски ознаки на Босна и Херцеговина, натоварено со дрвен градежен материјал, пријавено за увозно царинење на царинската испостава Тетово, од фирма увозник од Желино.
*На граничниот премин Блаце - влез во државата
- 89 кутии цигари, марка Lucky Strike, откриени при царински преглед на патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин. Непријавената стока била сокриена под предните седишта и под патосниците на возилото.
- 22 текстилни производи (женски панталони, здолништа и фустани), откриени при преглед на патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин. Непријавената стока била сокриена позади предните седишта и во багажникот на возилото.
- 3.000 пластични капачиња, откриени при царински преглед на празно товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин. Непријавената стока била сокриена на горниот кревет, во кабината на возилото.
*На граничниот премин Богородица, привремено се задржани 76 текстилни производи (маици, костими за капење, фармерки, бермуди, блузи, шалвари и фустани), откриени при детален преглед на патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавената стока била сокриена помеѓу личните работи во две патни торби, сместени во багажникот на возилото.
Покрај тоа, поради основано сомневање дека се работи за фалсификувана стока, привремено се задржани:
- 826 комплети спортски дресови со шорцеви, со ознака на трговската маркаAdidas, откриени при детален царински преглед на товарно моторно возило со турски регистарски ознаки, управувано од турски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Возилото било натоварено со стока со потекло од Дубаи, наменета за увозник од Косово.
- 354 детски маици, со ознака на трговските марки D&G и Armani, откриени при детален царински преглед на товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, натоварено со стока со потекло од Турција, пријавено за увозно царинење на царинската испостава Куманово, од фирма увозник од Република Македонија.
Согласно одредбите од Законот за заштита на правата од интелектуална сопственост, Царинската управа на Република Македонија ќе започне постапка за утврдување на оригиналноста на истата.
|