| Врз основа на член 6 став 1 од Законот за царинска управа (Службен весник на Република Македонија бр.46/04, 81/05, 107/07 и 103/08) и Одлуката за определување на критериуми за избор на најдобра гранична царинска испсотава и внатрешна царинска испостава бр.02-21390/2 од 05.08.21008 година и 02-803/1 од 13.01.2009 година, Директорот на Царинската управа донесе Одлука за избор на најдобра гранична и внатрешна царинска испостава
Како најдобра гранична царинска испостава за периодот април-јуни 2010 избрана е царинската испостава Табановце-автопат и Табановце железничка станица, Царинарница Куманово. Како најдобра внатрешна царинска испостава, избрана е царинската испостава Куманово, Царинарница Куманово.
Изборот на царинските испостави е извршен согласно точка 10 од Одлуката за определување на критериуми за избор на најдобра гранична царинска испостава и внатрешна царинска испостава број 02-21390/2 од 5 август 2008 година.
Користени се следниве критериуми: вкупен број на документи/број на цариници, вкупен број на царински прекршочни и кривични дела/број на цариници и вкупен број на наплатени царински давачки/број на царински работници, а врз основа на доставените извештаи за периодот април - јуни 2010 година.
|