| Ново Село, 20.07.2010 година
 Информираме дека во вторникот (20.07.2010 година), царинските службеници од граничнот премин Ново Селоспречија обид за криумчарење на вкупно 88 непријавеништеки (880 кутии) LD-blue цигари со македонски бандероли.
Околу 19.00 часот на 20.07.2010 година, за излез од државата се пријавило патничко моторно возило Renault Espace V6 со бугарски регистарски таблички, управувано од бугарски државјанин со иницијали К.Д. На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријави, возачот одговорил негативно. Возилото сепак било селектирано за контрола. Неможноста да се отворат прозорите на предните врати, кои функционирале електронски, возачот ја правдал со образложение дека возилото не е негово и дека најверојатно прозорите се во дефект. При подетално разгледување на вратите, било утврдено дека шрафовите биле скоро користени, а во фиоката за документи пред совозачкото седиште пронајден е алат имбус кој всушност служи за отварање на истите. Секоја врата посебно била размонтирана при што биле пронајдени околу 50 штеки LD цигари (по 25 во секоја), раздвоени по кутии.
При натамошна контрола на возилото, во задниот дел од багажникот, кадешто била поставена боца со метал, од десната страна на преградата била пронајдена пластична туба со бензин на чијшто капак бил прикачен довод за гориво. Во текот на проверка на самиот резервоар било утврдено дека одамна не бил користен, истиот бил исечен и во него ставена преграда. Резервоарат бил отворен, а во него биле пронајдени уште 33 штеки цигари од истиот бренд.
Стоката, предмет на царинскиот прекршок е привремено одземена, а против прекршителите ќе биде поднесена кривична пријава.
|