| Терминал Богородица, 27.07.2010 година
Информираме дека утрово околу 06.30 часот, при вршење на своите редовни задачи царинските службеници од службата за мобилни скенери на терминалот на царинската испостава Богородица, помеѓу паркираните камиони откриле сокриен маж, дезориентиран, прегладнет и во изнемоштена состојба, кој илегално ја преминал државната граница.
Во разговорот, утврдено е дека станува збор за лице со иницијали М.С., роден 1980 година, државјанин на африканската Република Еритрea кој не поседувал никакви документи за лична идентификација.
Запрашан што прави на терминалот, лицето почнало на англиски јазик да објаснува дека дошол пред два дена сокриен под еден од камионите паркирани на терминалот, во пределот помеѓу шасијата и палетарките. Било утврдено дека станува збор за камион со холандски регистарски ознаки, натоварен со цигари пријавен за транзитна постапка, управуван од лице со иницијали М.К., холандски државјанин. Лицето објаснило дека во камионот се качил во Грција, додека возачот на камионот не бил таму, изјавувајќи дека возачот не знаел дека тој цело време се криел под камионот.
Предметот е предаден на МВР за понатамошно постапување. |