| Во врска со можноста за регулирање на статусот на возилата со странски регистарски таблички во Република Македонија, Царинската управа потсетува дека:
1. На 05.08.2010 година престануваат да важат одредбите од Правилникот за единечно одобрување на возило (Сл.весник 16/2010) со кои е дадена можност да се регистрираат патнички автомобили кои исполнуваат ЕУРО-1 стандард.
Регистрацијата на овие возила ќе може да се направи само доколку заклучно со 05.08.2010 година, возилото е оцаринето и започната е постапката за хомологација, поточно, доколку е поднесено комплетно барање до овластените тела за хомологација, заедно со увозна царинска декларација и потврда за техничките карактеристики на возилото.
Ова практично значи дека по 05.08.2010 година ќе почнат да се применуваат построги стандарди, и ќе стапат на сила ЕУРО-2 стандардите и возилата со ЕУРО-1 стандард нема да може повеќе да се регистрираат.
Ги повикуваме сите граѓани кои што имаат намера увозно да оцаринат и да регистрираат возила кои исполнуваат ЕУРО -1 стандард да го сторат тоа што е можно поскоро заради завршување на периодот во кој што тоа може да се направи.
2. Воедно потсетуваме дека крајниот рок за привремен увоз на возилата со странски таблички внесени во Република Македонија до 05.02.2010 година истекува на 30.09.2010 година, по што стапува во сила одредбата за вкупен престој на возила со странски таблички од 6 месеци во последните 12 месеци. Овој рок е пропишан во Уредбата за спроведување на царинскиот закон, и неговото непочитувањето претставува царински прекршок.
Царинска управа на Република Македонија |