| Постапувајќи по констатираните неправилности, Царинската управа на Република Македонија во jули 2010 годинадо надлежните јавни обвинителстваподнесе 10 кривични пријави против седум правни и единаесет физички лица.
Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела: царинска измама, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори, криумчарење и недозволено тргување со меѓупроизводи, етил алкохол и тутунски добра, односно стоки.
* Седум кривични пријави се поднесени против седум правни и седум физички лица од Скопје за сторено кривично дело ,,Царинска измама“,од кои:
- Една кривична пријава е поднесена против правно лице од Скопје и одговорното лице, македонски државјанин од Скопје, затоа што во текот на 2007 и 2008 година со приложување на лажни фактури, избегнале плаќање на царински и други давачки во износ од 1.832.047,00 денари. Со седум царински декларации во текот на 2007 и 2008 година, осомничените увозно оцариниле теписи, предиво и машини за шиење, со потекло од Турција. Поради основано сомнение дека во приложените фактури не е прикажана вистинската вредност на стоката, Царинската управа ги испрати истите на проверка кај царинската служба на Република Турција, од каде повратно бевме известени дека оргиналните фактури се разликуваaт од приложените прд македонските царински органи, односно вкупната вредност на стоката изнесува 567.816,57 евра.
- Една кривична пријава е поднесена против правно лице од Скопје и одговорното лице, македонски државјанин од Скопје, затоа што во текот на 2008 година со приложување на лажна фактура, избегнале плаќање на царински и други давачки во износ од 430.698,00 денари. Со една царинска декларација во текот на 2008 година, осомничените увозно оцариниле сандали, влечки и пластични рафтови со потекло од Турција. Поради основано сомнение дека во приложената фактура не е прикажана вистинската вредност на стоката, Царинската управа ја испрати истата на проверка кај царинската служба на Република Турција, од каде повратно бевме известени дека оргиналната фактура се разликува од приложената односно вкупната вредност на стоката изнесува 52.984,24 евра.
- Една кривична пријава е поднесена против правно лице од Скопје и одговорното лице, македонски државјанин од Скопје, затоа што во текот на 2008 година со приложување на лажни фактури, избегнале плаќање на царински и други давачки во износ од 334.267,00 денари. Со осумнаесет царински декларации во текот на 2008 година, осомничените увозно оцариниле керамички плочки со потекло од Грција. Поради основано сомнение дека во приложените фактури не е прикажана вистинската вредност на транспортните трошоци односно поморски транспорт, истовар, манипулација и камионски транспорт на стоката, Царинската управа ги испрати истите на проверка кај царинската служба на Република Грција, од каде повратно бевме известени дека оргиналните фактури се разликуваат од приложените во износот за транспортните и други трошоци кој е поголем од тој прикажан на македонскиот царински орган.
- Една кривична пријава е поднесена против правно лице од Скопје и одговорното лице, македонски државјанин од Скопје, затоа што во текот на 2008 година со приложување на лажна фактура, избегнале плаќање на царински и други давачки во износ од 279.108,00 денари. Со една царинска декларација во текот на 2008 година, осомничените увозно оцариниле хартија за цигари со потекло од Турција. Поради основано сомнение дека во приложената фактура не е прикажана вистинската вредност на стоката, Царинската управа ја испрати истата на проверка кај царинската служба на Република Турција, од каде повратно бевме известени дека оргиналната фактура се разликува од приложената односно вкупната вредност на стоката изнесува 48.526,10 американски долари.
- Една кривична пријава е поднесена против правно лице од Скопје и одговорното лице, македонски државјанин од Скопје, затоа што во текот на 2009 година со приложување на лажна фактура, осомничените избегнале наплата на царински и други давачки во износ од 262.432,00 денари. Со една царинска декларација во текот на 2009 година, осомничените увозно оцариниле свежо овошје и зеленчук со потекло од Холандија. Поради основано сомнение дека во приложената фактура не е прикажана вистинската вредност на стоката, Царинската управа ја испрати истата на проверка кај царинската служба на Кралството Холандија, од каде повратно бевме известени дека оргиналната фактура се разликува од приложената односно вкупната вредност на стоката изнесува 17.583,92 евра.
- Една кривична пријава е поднесена против правно лице од Скопје и одговорното лице, македонски државјанин од Скопје, затоа што во текот на 2008 година со приложување на лажна фактура, избегнале наплата на царински и други давачки во износ од 183.596,00 денари. Со една царинска декларација во текот на 2008 година, увозно оцариниле бисквити, солени крекери, слатки тортици, кекси и чоколади со потекло од Турција. Поради основано сомнение дека во приложената фактура не е прикажана вистинската вредност на стоката, Царинската управа ја испрати истата на проверка кај царинската служба на Република Турција, од каде повратно бевме известени дека оргиналната фактура се разликува од приложената односно вкупната вредност на стоката изнесува 25.265,65 евра.
- Една кривична пријава е поднесена против правно лице од Скопје и одговорното лице, македонски државјанин од Скопје, затоа што во текот на 2008 година со приложување на лажна фактура, избегнале плаќање на царински и други давачки во износ од 153.915,00 денари. Со една царинска декларација во текот на 2008 година, осомничените увозно оцариниле мали велосипеди, дубаци, креветчиња за деца, лулки, релаксатори прекривки, џампери и друго со потекло од Турција. Поради основано сомнение дека во приложената фактура не е прикажана вистинската вредност на стоката, Царинската управа ја испрати истата на проверка кај царинската служба на Република Турција, од каде повратно бевме известени дека оргиналната фактура се разликува од приложената односно вкупната вредност на стоката изнесува 22.429,75 евра.
*Една кривична пријава е поднесена против две физички лица од кои еден македонски државјанин и еден државјанин на Косово за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори“, затоа што кај нив бил пронајден околу 1 кг наркотична дрога – хероин. Имено, на 03.07.2010 година за влез во Македонија на царинската испостава Блаце, за царинска контрола се пријавил автобус марка Фиат Санос 315 со македонски регистарски ознаки, сопственост на превозна фирма од Скопје, кој сообраќал на редовна линија Приштина - Струга. По извршен преглед и претрес во задниот дел од автобусот, од левата страна на подот, под задните седишта нумерирани со број 39 и 40 била пронајдена најлонска кеса, со три маици со кратки ракави, во која имало уште една каде биле пронајдени две пакетчиња со тежина од по околу 500 грама со непозната прашкаста материја во кафеава боја. По извршено вештачење од страна на крим техника, дадени се наод и мислење, според кои е потврдено дека непознатата прашкаста материја во двете пакувања е хероин со вкупна тежина од 980 грама.
*Една кривична пријава е поднесена против едно физичко лице, македонски државјанин, за сторено кривично дело ,,Криумчарење“,затоа што бил фатен нелегално да пренесе сребрен накит во вкупна вредност од 754.754,00 денари, сместен во обид во специјално изработен бункер за криумчарење. Имено, на 04.07.2010 година на граничниот премин Деве Баир на влез во Македонија, се пријавил автобус марка „Мерцедес Бенз“ со турски регистарски ознаки кој сообраќал на релација Истанбул-Струга. По извршено скенирање било констатирано дека во пределот на задниот дел од автобусот, поточно под задното крајно седиште има посебно направен простор-бункер во кој при детален царински преглед е пронајдена поголема количина на сребрен накит, спакуван во 12 најлонски кеси и тоа 1294 парчиња накит со тежина од 6.427 грама. Стручното вештачење потврди дека станува збор за сребрен накит со вградени синтетички камчиња, бисери и маркизити, со вкупна тежина од 6427,82 грама и вкупна вредност од 12.212,85 евра (754.754,00 денари).
*Една кривична пријава е поднесена против едно физичко лице, грчки државјанин за сторено кривично дело „Недозволено тргување со меѓупроизводи, етил алкохол и тутунски добра, односно стоки“ затоа што со намера да ја избегне царинската контрола, се обидел да пренесе непријавена акцизна стока, и тоа 41.600 цигарилоси „Neos Cappuccino“ и „Neos Mini“, во вкупна вредност од 186.400,00 денари. Имено, на 12.07.2010 година на граничниот премин Табановце-автопат на влез во Македонија, во транзитна постапка, се пријавило товарно моторно возило со грчки регистарски ознаки, сопственост на грчка фирма натоварено со разна стока. По прегледот на приложената документација, извршен е преглед и на стоката во возилото, при што покрај пријавената била пронајдена и непријавена стока што не е опфатена со ниеден од документите. На ваков начин осомничениот се обидел да избегне плаќање на давачки во износ од 1.148.352,00 денари. |