| Почитувани граѓани,
Во врска со можноста за регулирање на статусот на возилата со странски регистарски таблички во Република Македонија, Царинската управа во текот на вчерашниот ден (28 јули 2010 година), со објава на интернет страницата потсети дека на 5 август 2010 година престануваат да важат одредбите од Правилникот за единечно одобрување на возило (Сл.весник 16/2010) со кои е дадена можност да се регистрираат патнички автомобили кои исполнуваат ЕУРО-1 стандард.
Поради кусиот рок и зголемен обем на поднесени декларации за царинење на возила кои исполнуваат ЕУРО-1 стандард, а со цел поголема ефикасност во спроведување на царинската постапка Царинската управа известува дека царинските испостави Скопје 1, Скопје 2 и Скопје 3 ќе вршат царинење на патнички автомобили и на 31 јули 2010 година (сабота).
Царинска управа на Република Македонија
29 јули 2010 година
|