Choose Language:  
 
Пребарување:
 

 
   
 Добредојдовте
Драги посетители,

Добредојдовте на Интернет страната на Царинската управа на Република Македонија.
Интернет страната на Царинската управа претставува обид, да направиме презентација за работата на Царинската управа, на пошироката јавност и на нашите колеги во светот, кои сме ние, како работиме, кои се нашите достигнувања.

повеќе...

 


 Актуелно
ПРОМЕНА НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА ЦАРИНСКАТА ИСПОСТАВА КАВАДАРЦИ
БРОЈ НА УВЕЗЕНИ ВОЗИЛА ВО 2010 ГОДИНА
СООПШТЕНИЕ за начинот на постапување со погрешните уплати на евидентната сметка 845-00960 на ЦУ
ПОВИК за регулирање на статусот на возила со странски таблички
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА НА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ УВОЗ НА УПОТРЕБУВАНИ ВОЗИЛА
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЦАРИНСКАТА ТАРИФА
 („Службен весник на Република Македонија бр. 35/2010)
ВОДИЧ ЗА ЦАРИНЕЊЕ НА СТОКИ 2010
ОДЛУКА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ И МЕНУВАЊЕ НА ЦАРИНСКАТА ТАРИФА ЗА 2010 ГОДИНА
(„Службен весник на Република Македонија” бр. 155/2009)
ДОЛЖНИЦИ ЗА НЕПЛАТЕН ДОЛГ ПО ИЗВРШНИ УПРАВНИ РЕШЕНИЈА
ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА ТРАНСПОРТНИ СРЕДСТВА
ПОДНЕСЕНИ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ
РАБОТНО ВРЕМЕ НА ЦАРИНСКИТЕ ИСПОСТАВИ

 


 
Вести
ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА НЕОВЛАСТЕНО ПРОИЗВОДСТВО И ПРОМЕТ СО ДРОГИ
 
 
Скопје, 30.07.2010 година
 
Царинската управа на Република Македонија, денес поднесе кривична пријава против четири физички лица на возраст од 22 и 20 години,државјани на Република Македонија, под сомнение дека извршиле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсории  ,,Помагање на сторител по извршено кривично дело”.
 
Имено, вчера (29.07.2010) на излез од Република Македонија на граничниот премин Деве Баир пристигнало патничко моторно возило  Мерцедес со бугарски  регистарски таблички, во кое покрај возачот патувале уште 3 лица, сите македонски државјани.
 
Бидејќи еден од патниците бил предходно осуден за исто кривично дело, полициските службеници го повикале во полициската станица на самиот граничен премин за да му ја одземат патната исправа. При излегување од возилото, од џебот на панталоните извадил една кесичка обвиткана со селотејп и ја фрлил на седиштето. Додека се качувал по скалите на полициската станица, од ногавицата му испаднала уште една кесичка, обвиткана со селотејп.  Во тој момент била повикана мобилна екипа на Царинската управа за да изврши преглед на возилото и претрес на патниците.
 
При деталниот преглед на возилото, во шише од шампон (чија содржина претходно била истурена во џебот на возачкото седиште), потоа во влажни марамици, како и помеѓу задните седишта, била пронајдена зеленкастата сува материја – вкупно 180 грама, за која по извршеното тестирање било утврдено дека е марихуана. Во дигиталнен фотоапарт пак, поточно во делот за батерии биле пронајдени 5 грама бела прашкаста материја, за која со  тестирање било утврдено дека е кокаин.
Првичните сознанија дека станува збор за марихуана и кокаин, денес беа потврдени и од Одделението за крим техника при МВР по извршената анализа.
 
Предметот и целокупниот материјал е предаден на Основното јавно обвинителство Куманово за понатамошно постапување.
Назад 

Креиран од Admin3 на 30.07.2010
   

 Најава на настани

 Јавни набавки

 Продажба на стока

 Отстапени стоки


 Апликации
 
 
 
 

 Линкови


Моментално посетители: 47
Вкупно посетители: 2295696

Supported by

   
©2006 Customs Administration of the Republic of Macedonia