pandora perlen buy runescape money tiffany pendants hollister hoodies ghd osterreich mbt kengat links of london jewelry thomas sabo charms levis dritto pandora armband
 
 
Почетна | За нас Патници | Деловна заедница | Контакт | Мапа на сајтот
Пребарување:
 



 Актуелно
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2014
УСНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА СТОКА
Соопштение за издавање на потврда за Централен регистар
ВОДИЧ ЗА ЦАРИНЕЊЕ НА СТОКИ 2015

Водич за царинење на стоки.xls

Водич за царинење на стоки.doc

Водич за царинење на стоки.csv

Одлука за усогласување и менување на царинската тарифа за 2015 година
(Сл.весник на РМ бр.191/2014)
Корелациони табели (царинска тарифа) 2015/2014 и 2014/2015
ПОВИК ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА АНЕКС КОН ДОГОВОРИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА КОМПЈУТЕРСКИОТ СИСТЕМ МАКЦИС
СООПШТЕНИЕ за начинот на постапување со погрешните уплати на евидентната сметка 845-00960 на ЦУ
КОНТРОЛА НА ПАРИ
Уредби за распоредување

 Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за распоредувањето на одредени стоки во Комбинираната номенклатура согласно регулативите на ЕК  (Сл. Весник 67/2015)

ЛИСТА НА ПРАШАЊА ЗА СТРУЧНИОТ ДЕЛ ОД ИСПИТОТ ЗА ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ
ОДЛУКА ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА СТОКИТЕ НА ФОРМИ НА ИЗВОЗ И УВОЗ
ОВЛАСТЕНИ ПЕЧАТНИЦИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ И ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕУР ОБРАСЦИ
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА - НА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ УВОЗ НА УПОТРЕБУВАНИ ВОЗИЛА!
БРОЈ НА УВЕЗЕНИ ВОЗИЛА

Вести
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 3/2010 за вработување на царински службеници во Царинска Управа
 
 
Врз основа на член 7, 52 и 53 од Законот за Царинска управа (Службен весник на Р.М., број 46/2004, 81/2005, 107/2007, 103/2008, 64/2009, 105/2009 и 48/2010),
 
ЦАРИНСКА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 3/2010
за вработување на царински службеници во
Царинска Управа
       
Царинската управа има потреба од вработување на 5 (пет) царински службеници за следните слободни работни места
  
- 1 (еден) извршител, за работно место оператор книговодител во служба за сметководство, одделение за сметководство и финансии, Сектор за сметководство и финансии при Царинска управа на Република Македонија.
Со следните услови: средна стручна спрема, економско финански смер во траење од четири години, познавање на компјутерско работење, со најмалку 3 години работно искуство во струката, на книговодствени работи.
Краток опис на работно место: ја прима финансиската документација, ја класифицира и управува со документи во однос на воспоставените процедури согласно со Законот за сметководство; Врши контирање на изводите и ги припрема за книжење; Врши усогласување на состојбата на сметките; Ги евидентира компјутерски книговодствените промени на средствата и изворите на средства; Води дневник, главна книга и аналитичка евиденција; Учествува во изработка на завршни сметки; Навремено и точно евидентирање на издадените фактури на купувачите со што се овозможува навремено и точно плаќање на обврските за ДДВ.
 
- 1 (еден) извршител, за работно место цариник во царинарница Гевгелија Со следните услови: средна школска спрема од економски, технички, општ или административно управен смер во четиригодишно траење, познавање на компјутерско работење и познавање на англиски јазик, без работно искуство.
Краток опис на работно место: врши работи на пријавување на стоките за царинење од упатните царински единици и води соодветна евиденција за истите; превзема мерки на царински надзор над стоките заради обезбедување на истите сместени во царинските магазицини, стоваришта, складишта, царинските зони и други простории и простори и во превозни средства; извршува одредени формалности во царинската постапка и врши наплата на царина и другите увозни давачки; Изготвува Записник за царински прекршок и спроведува мандатна постапка со издавање на покана за плаќање глоба или платен налог.
 
- 1 (еден) извршител, за работно место самостоен советник за архивирање на документарен материјал во одделение за канцелариско и архивско работење, Сектор за административни и технички работи при Царинска управа на Република Македонија.
Со следните услови: правен, економски факултет, факултет со насока царина и шпедиција или друг факултет, познавање на компјутерско работење, познавање на англиски јазик, со 2 година работно искуство во струката.
Краток опис на работно место: врши одбирање и категоризација на архивската граѓа по рокови на чување; води сметка за правилно архивирање на сите предмети според планот на архивски знаци и листа на категории за чување на архивската граѓа и на регистраторскиот матерјал; прима решени предмети вратени во одделението, дава стручни совети, помош, насоки и упатства на вработените во одделението; се грижи за постапување на архивата со класифицираните информации согласно прописите; пишува прегледи, извештаи и предлог план за работа; ракува со печатите и штембилите за кои е овластен; одговорен е за правилно чување и ракување со штембилите и печати за кои е овластен; се грижи за безбедно чување на архивскиот матерјал од секаков вид на губење, оштетување или уништување и тајноста во секојдневното работење и не дозволува изнесување на документите и печатите од работната просторија.
 
- 2 (два) извршители, за работно место самостоен советник за акцизи во одделение за царински и даночни постапки, Сектор за царински систем при Царинска управа на Република Македонија
Со следните услови: економски, правен, електро, машински, технолошки факултет и факултет со царинско шпедитерска насока, познавање на компјутерско работење, познавање на англиски јазик, со најмалку 3 години работно искуство во струката.
Краток опис на работно место: ги следи прописите од областа на акцизите и учествува во изработка на предлози за нивно донесување, дава насоки и стручна помош на Царинарниците и организационите единици во Царинската управа во врска со прашања од делокруг на акцизи; врши контрола на целокупната документација што се доставува за издавање на акцизна дозвола и одобрение за акцизно повластено користење.
 
Заинтересираните кандидати се должни да достават ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИК  на изготвен образец во писмена форма. Со пријавата за вработување кандидатот е должен да ги достави следните документи во фото копија:
      - диплома за завршено образование со покажан успех во образованието,
      -уверение за државјанство, доказ за познавање на англиски јазик, доказ за познавање на компјутерско работење,
        -доказ за работно искуство за работните места за кои е предвидено работно искуство.
Кандидатите можат да достават и документи кои не се задолжителни во однос на објавените услови за работните места како што се други стручни оспособувања и усовршувања (уверенија, пофалници, цертификати, приложени трудови на семинари, симпозиуми и слично во земјата и странство).
 
Бидејки приложените документи кон пријавата се во фотокопија, Царинската управа нема обврска истите да ги врати на пријавените кандидати.
Пријавата за вработување на царински службеник кандидатите можат да ја подигнат во архивата на Царинска управа или да ја најдат во електронска форма преку интернет страницата на Царинската управа (www.customs.gov.mk).
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост прецизно со точни податоци и да ги достават бараните докази.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 20 (дваесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување), по истекот на овој рок во рокот од 6 (шест) месеци ќе се изврши избор од кандидатите.
Ненавремената, некомплетно пополнета пријава и пријава која не ги содржи бараните докази нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за селекција и избор на Царинската управа.
Пополнетите пријави (документацијата прилог кон пријавата) кандидатите се дожни да ги достават исклучиво по пошта на следната адреса
 
Царинска управа
Сектор за управување со човечки ресурси
(со назнака за оглас број 3/2010)
Ул. ,, Лазар Личеновски,, бр. 13 -1000 Скопје
 
По спроведувањето на првична селекција и избор, ќе се изврши тестирање и интервју за што кандидатите ќе бидат повикани во Царинската управа, со обврска да достават докази за исполнување на условите за работното место за кое се пријавиле во оригинал или копија заверена на нотар.
Постапката за избор и селекција ќе се врши во согласност со одредбите од Законот за Царинска управа и Колективниот договор на Царинската управа.
Избраните кандидати се вработуваат на пробна работа согласно член 53 од Законот за Царинска управа.
 
Огласот е активен во периодот од денот на објавување, заклучно со 26.08.2010 година (четврток) како последен ден за доставување на пријави.
 
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ

ЦАРИНСКА УПРАВА 

Превземи пријава





Назад 

Креиран од Admin3 на 06.08.2010
MK | EN | SQ

 
 
 


 e-Carina
НОВ КОМПЈУТЕРИЗИРАН ТРАНЗИТЕН СИСТЕМ-NCTS
СИСТЕМ ЗА ОБРАБОТКА НА ДЕКЛАРАЦИИ И АКЦИЗНИ ДОКУМЕНТИ-СОЦДАД
ИНТЕГРИРАНА ТАРИФНА ОКОЛИНА (ИТО)

   

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ЕОРИ БРОЈ

 

Е-ТРГОВИЈА

 

ПРОМОТИВЕН СПОТ ЗА КАПАЊАТА ЗА УСНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА СТОКА

 

 

  

АНКЕТА ЗА КОРУПЦИЈА

АНКЕТА ЗА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

КОЛКУ СТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ЦАРИНСКИТЕ ЗАСТАПНИЦИ?

БЕЗГОТОВИНСКОТО ПЛАЌАЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ ДАВАЧКИ

 


 Новини
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2014
повеќе ...
НОВО УПАТСТВО ЗА ПРИЛОЖЕНИ ДОКУМЕНТИ КОН ЕДИНСТВЕНИОТ ЦАРИНСКИ ДОКУМЕНТ
повеќе ...
ДОНЕСЕНA УРЕДБАТА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЦАРИНСКИОТ ЗАКОН
повеќе ...

    
 

 


 

 Линкови

 
 

 Сервиси

Supported by




Моментално посетители: 96
Вкупно посетители: 7739540

 
Почетна | За нас | Патници | Деловна заедница | Контакт | Мапа на сајтот
©2004 Царинска Управа на Република Македонија