pandora perlen buy runescape money tiffany pendants hollister hoodies ghd osterreich mbt kengat links of london jewelry thomas sabo charms levis dritto pandora armband
 
 
Почетна | За нас Патници | Деловна заедница | Контакт | Мапа на сајтот
Пребарување:
 



 Актуелно
КОНТРОЛА НА ПАРИ
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2014
ИЗВЕШТАЈ ОД РАБОТАТА НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА - ВТОР КВАРТАЛ 2014 ГОДИНА
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ОД РАБОТАТА НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА
Брошура ЦАРИНСКАТА УПРАВА ВО БОРБА ПРОТИВ НАРКОТРГОВИЈАТА
Уредби за распоредување

Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за распоредувањето на одредени стоки во Комбинираната номенклатура согласно регулативите на Европската комисија

Уредба за распоредување на одредени стоки во Комбинираната номенклатура согласно со регулативите на Европската комисија

Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за распоредувањето на одредени стоки во Комбинираната номенклатура согласно регулативите на ЕK

ВОДИЧ ЗА ЦАРИНЕЊЕ НА СТОКИ 2014
Одлука за усогласување и менување на царинската тарифа за 2014 година
(Сл.весник на РМ бр.179/2013)
Корелациони табели (царинска тарифа) 2014/2013 и 2013/2014
ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИК
ОДЛУКА ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА СТОКИТЕ НА ФОРМИ НА ИЗВОЗ И УВОЗ
ОВЛАСТЕНИ ПЕЧАТНИЦИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ И ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕУР ОБРАСЦИ
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА - НА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ УВОЗ НА УПОТРЕБУВАНИ ВОЗИЛА!
БРОЈ НА УВЕЗЕНИ ВОЗИЛА

Вести
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 04/2013
 
 

Врз основа на член 7 и член 52 став 1 и 2 од Законот за Царинска управа, Царинската управа на Република Македонија, објавува

 
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 04/2013
 

1. За вработување на 2 (два) извршители како царински службеници на неопределено време, по пат на јавен оглас, за пополнување на слободните работни места:

- 1 (еден) извршител за работно место виш цариник во царинарница Штип при Царинска управа на Република Македонија.

- 1 (еден) извршители за работно место виш цариник во царинарница Гевгелија при Царинска управа на Република Македонија.

1.1 Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови за овие работни места: завршен економски, правен, машински, електротехнички, технолошки факултет и факултет со царинско шпедитерска насока, познавање на компјутерско работење и познавање на англиски јазик, без работно искуство.

1.2 Краток опис на работно место: врши прием и контрола на поднесената царинско-стокова документација од аспект на усогласеност со одредбите на царинските, надворешно-трговските и другите прописи; врши царински преглед на стоката и ја споредува најдената сосотојба со податоците од декларацијата и пратечките документи и утврдува дали стоката е правилно пријавена, по прегледот врши пресметка на царински и други давачки и води соодветна царинска евиденција, ја заверува декларацијата и пратечките документи. Изготвува Записник за царински прекршок, барање за поведување на прекршочна постапка и спроведува мандатна постапка со издавање на покана за плаќање глоба или платен налог.

1.3 Работниот однос се заснова со полно работно време, со неделно работно време од 40 часа ( 5 пет работни дена во неделата).Дневното работно време трае 8 часа и започнува во 8,30 часот а завршува во 16,30 часот. Основната плата изнесува 29.857,00 денари. 

2.       За вработување на 1 (еден) извршител како царински службеник на неопределено време, по пат на јавен оглас, за пополнување на слободното работно место:

-         систем инженер администратор на оперативни системи во одделение за техничка подршка, Сектор за информатички и комуникациски технологии при Царинска управа на Република Македонија.

2. 1 Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови за ова работно место: завршен Електротехнички, машински факултет, природно математички факултет - информатика, познавање на англиски јазик, без работно искуство.

2. 2 Краток опис на работно место: учествува, врши инсталација на сервери - хардвер, компоненти, оперативни системи, адресирања, конфигурирање; врши администрирање на дисков простор, фајл системи, ИТ-мрежни сервиси, инсталирани апликации, корисници на системот, е-маил и ДНС сервер; Ги анализира можните проблеми на системот и помага при изработка на планови за нивно одстранување; учествува во инсталирање, конфигурирање и администрирање на софтвер за управување со права на корисници; помага при изработка на стратегии и рутини за надградба на системот, имплементација на промени во истиот и архивирање на податоците; одржува листа на состојби и конфигурации на серверите;

2.3 Работниот однос се заснова со полно работно време, со неделно работно време од 40 часа ( 5 пет работни дена во неделата).Дневното работно време трае 8 часа и започнува во 8,30 часот а завршува во 16,30 часот. Основната плата изнесува 31.154,00 денари.

3. За вработување на 1 (еден) извршител како царински службеник на неопределено време, по пат на јавен оглас, за пополнување на слободното работно место:

-         систем инженер администратор на ИТ сигурност во служба за ИТ сигурност, одделение за техничка подршка, Сектор за информатички и комуникациски технологии при Царинска управа на Република Македонија.

3.1 Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови за ова работно место: завршен Електротехнички, машински факултет, природно математички факултет - информатика, познавање на англиски јазик, без работно искуство.

3. 2 Краток опис на работно место: Конфигурира и администрира контрола на пристап во ИТ-мрежата; управува и контролира пристап на корисниците во Царинскиот систем; врши администрација наAnti Virus, Anti Spamуреди и софтвер; вши обука на корисници за користење на алатки за комуникација и пренос на податоци и информации и заштита на истите од намерни и случајни напади; ги мониторира точките на пристап во Царинскиот систем и работата на системот, идентификацијата и автентикацијата; соработува со останатите ИТ Администратори;

3.3 Работниот однос се заснова со полно работно време, со неделно работно време од 40 часа ( 5 пет работни дена во неделата).Дневното работно време трае 8 часа и започнува во 8,30 часот а завршува во 16,30 часот. Основната плата изнесува 31.154,00 денари.

4. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации, а по истекот на рокот за пријавување.

5. Заинтересираните кандидати се должни да достават  ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИК на изготвен образец во писмена форма која може да се подигне од архива на Царинската управа или во електронска форма преку интернет страницата на Царинската управа (www.customs.gov.mk). Пријавата се пополнува во целост со точни податоци, кон неа се приложуваат следните документи во фото копија: диплома или уверение за завршено образование со покажан успех во образованието, ако дипломата или уверението е стекната на образовна институција во странство кандидатот е должен да достави и одлука за нострификација, уверение за државјанство, доказ за познавање на англиски јазик, доказ за познавање на компјутерско работење. Царинската управа нема обврска за враќање на приложените документи бидејќи истите се во фотокопија.

6. Кандидатите можат да достават и документи кои не се задолжителни во однос на објавените услови за работните места како што се други стручни оспособувања и усовршувања (уверенија, пофалници, cертификати).

7. Рокот за доставување на пријавите изнесува 7 дена, не сметајќи го денот на самото објавување.

8. Ненавремената, некомплетно пополнета пријава и пријава која не ги содржи бараните докази нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за селекција и избор на Царинската управа.

Пријавата се доставува исклучиво по пошта на следната адреса: Царинска управа, Сектор за управување со човечки ресурси, (со назнака за оглас број 4/2013), ул. ,, Лазар Личеновски,, бр. 13 -1000 Скопје.

По спроведувањето на првична селекција, ќе се изврши тестирање и интервју за што кандидатите ќе бидат повикани во Царинската управа. Избраните кандидати се вработуваат на пробна работа.

ЗАБЕЛЕШКА: Огласот е објавен на ден 04.12.2013 година (среда) и согласно точка 7 од објавата во весниците Нова Македонија и Коха, пријавите можат да се доставуваат од 05.12.2013 година до заклучно со 11.12.2013 година (среда).






Назад 

Креиран од Admin1 на 04.12.2013
MK | EN | SQ
 Анкета


    
 

 

 Новини
КОНТРОЛА НА ПАРИ
повеќе ...
ИЗВЕШТАЈ ОД РАБОТАТА НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА - ВТОР КВАРТАЛ 2014 ГОДИНА
повеќе ...
НОВО УПАТСТВО ЗА ГАРАНЦИИ ВО ТРАНЗИТНА ПОСТАПКА
повеќе ...
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ОД РАБОТАТА НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА
повеќе ...
ЦАРИНСКАТА УПРАВА ВО БОРБА ПРОТИВ НАРКОТРГОВИЈАТА
повеќе ...
ДОНЕСЕНA УРЕДБАТА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЦАРИНСКИОТ ЗАКОН
повеќе ...
ВОДИЧ ЗА ЦАРИНЕЊЕ НА СТОКИ 2014
повеќе ...
Одлука за усогласување и менување на царинската тарифа за 2014 година
повеќе ...

 e-Carina
ИНТЕГРИРАНА ТАРИФНА ОКОЛИНА (ИТО)
НОВ КОМПЈУТЕРИЗИРАН ТРАНЗИТЕН СИСТЕМ-NCTS


 

Курсна листа на НБРМ

Курсната листа последен пат е ажурирана на
19.09.2014
Земја Валута Среден
ЕМУ EUR 61.5283
С А Д USD 47.8001
В.Британија GBP 78.0519
Швајцарија CHF 50.9087
Шведска SEK 6.6931
Норвешка NOK 7.5131
Канада CAD 43.4553
Австралија AUD 42.7577

 Линкови

 
 

 Сервиси

Supported by




Моментално посетители: 30
Вкупно посетители: 6512188

 
Почетна | За нас | Патници | Деловна заедница | Контакт | Мапа на сајтот
©2004 Царинска Управа на Република Македонија