Choose Language:  
 
Пребарување:
 

 
   
 Добредојдовте
Драги посетители,

Добредојдовте на Интернет страната на Царинската управа на Република Македонија.
Интернет страната на Царинската управа претставува обид, да направиме презентација за работата на Царинската управа, на пошироката јавност и на нашите колеги во светот, кои сме ние, како работиме, кои се нашите достигнувања.

повеќе...

 


 Актуелно
ПРОМЕНА НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА ЦАРИНСКАТА ИСПОСТАВА КАВАДАРЦИ
БРОЈ НА УВЕЗЕНИ ВОЗИЛА ВО 2010 ГОДИНА
СООПШТЕНИЕ за начинот на постапување со погрешните уплати на евидентната сметка 845-00960 на ЦУ
ПОВИК за регулирање на статусот на возила со странски таблички
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА НА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ УВОЗ НА УПОТРЕБУВАНИ ВОЗИЛА
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЦАРИНСКАТА ТАРИФА
 („Службен весник на Република Македонија бр. 35/2010)
ВОДИЧ ЗА ЦАРИНЕЊЕ НА СТОКИ 2010
ОДЛУКА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ И МЕНУВАЊЕ НА ЦАРИНСКАТА ТАРИФА ЗА 2010 ГОДИНА
(„Службен весник на Република Македонија” бр. 155/2009)
ДОЛЖНИЦИ ЗА НЕПЛАТЕН ДОЛГ ПО ИЗВРШНИ УПРАВНИ РЕШЕНИЈА
ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА ТРАНСПОРТНИ СРЕДСТВА
ПОДНЕСЕНИ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ
РАБОТНО ВРЕМЕ НА ЦАРИНСКИТЕ ИСПОСТАВИ

 


 
Вести
Почитувани посетители,
 
 

Почитувани посетители,

Ви посакувам добредојде на Интернет страната на Царинската управа на Република Македонија. Интернет страната, претставува обид да ја претставиме Царинската управа, нејзината организација, начинот и делокругот на работа.

Во оваа насока Царинската управа има многу важна улога. Прво, бидејќи Царината е на браникот на економската глобализација и управувањето со меѓународната трговија. Второ, бидејќи царинските постапки и практики имаат директно влијание на конкуретноста на нашите компании. Трето, бидејќи на Царинската управа и е доверена улогата за заштита на здравјето и безбедноста на нашите граѓани од опасноста на фалсификувани и шверцувани стоки.

Царината треба да одговори на предизвиците на глобализацијата. Царината мора да биде соодветно опремена за да ја зголеми нашата сигурност, со истовремено олеснување и поедноставување на царинските постапки.

Ние не можеме да избегаме од одговорноста да го заштитиме нашето општество, нашата економија и нашата животна средина од ризиците што ни се закануваат. Ризиците на нашето време се различни и бргу се менуваат, како што се организиран криминал, меѓународен тероризам, фалсификати и отпади што ја загрозуваат животната средина.

Меѓународната трговија е клучна карактеристика на нашата економија, бидејќи се врши размена на стоки и ресурси кои му се потребни на секое општество. Тоа значи, дека покрај отварањето на европските пазари за нашите стоки, ние треба да ја поедноставиме до највисок можен степен царинската постапка, преку брзи, ефикасни и транспаретни царински постапки.

Убеден сум дека на Интернет страната ќе најдете многу корисни и практични информации за царинското работење и дека презентираните информации и услуги ќе придонесат за јакнење на соработката помеѓу Царината и приватниот сектор.

Со почит,

Ванчо Каргов
Директор

Назад 

Креиран од Admin2 на 10.10.2010
   

 Најава на настани

 Јавни набавки

 Продажба на стока

 Отстапени стоки


 Апликации
 
 
 
 

 Линкови


Моментално посетители: 22
Вкупно посетители: 2295726

Supported by

   
©2006 Customs Administration of the Republic of Macedonia