pandora perlen buy runescape money tiffany pendants hollister hoodies ghd osterreich mbt kengat links of london jewelry thomas sabo charms levis dritto pandora armband
 
 
Почетна | За нас Патници | Деловна заедница | Контакт | Мапа на сајтот
Пребарување:
 



 Актуелно
СТОП ЗА ФАЛСИФИКУВАНИТЕ ПРОИЗВОДИ КУПУВАЈТЕ ОРИГИНАЛИ
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2016
ЈАВЕН ПОВИК Бр. 2/17
Одлука за усогласување и менување на царинската тарифа за 2017 година
Корелациони табели
ИЗМЕНА НА ОБРАСЦИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ОПШТА ГАРАНЦИЈА
ИЗВЕСТУВАЊЕ- ПРОМЕНЕТ ОБРАЗЕЦ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ПОТВРДА ЗА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР
ИНФОРМАТИВАН БРОШУРА ЗА ПАТНИЦИ
ПРИЈАВЕТЕ ПАРИ
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
НЕ ЗА НЕЛЕГАЛНИ АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ
ВОДИЧ ЗА ЦАРИНЕЊЕ НА СТОКИ 2017

Водич за царинење на стоки 2017.xls

Водич за царинење на стоки 2017.doc

Водич за царинење на стоки 2017.csv

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА ЗА ТРЕТ КВАРТАЛ 2015 ГОДИНА
СООПШТЕНИЕ за начинот на постапување со погрешните уплати на евидентната сметка 845-00960 на ЦУ
ЛИСТА НА ПРАШАЊА ЗА СТРУЧНИОТ ДЕЛ ОД ИСПИТОТ ЗА ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ
ОДЛУКА ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА СТОКИТЕ НА ФОРМИ НА ИЗВОЗ И УВОЗ
ОВЛАСТЕНИ ПЕЧАТНИЦИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ И ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕУР ОБРАСЦИ
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА - НА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ УВОЗ НА УПОТРЕБУВАНИ ВОЗИЛА!
БРОЈ НА УВЕЗЕНИ ВОЗИЛА

Вести
ПОДНЕСЕНИ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ОД ЦАРИНСКА УПРАВА ВО ДЕКЕМВРИ 2016 ГОДИНА
 
 

Скопје 09.01.2017 година

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец декември 2016 година до надлежните јавни обвинителства  поднесе 16 кривични пријави против 8 правни и 17 физички лица.

Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори
До ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против А. Т. државјанин на Кралството Шведска кој на 2 декември 2016 година со патничко возило со шведски регистарски ознаки се пријавил на влез во Република Македонија на ГП Блаце. При извршена контрола на возилото во фабричка шуплина на подот, биле пронајдени 61 пакетче сите наполнети со непозната материја и карактеристична миризба премачкани со непозната течност и посипени со кафе и ориз. По наредба на јавен обвинител извршено е вештачење според кое растителната материја преставува марихуана со вкупна тежина од 31 килограм. Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во ОС Куманово кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
До ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против Б. О. државјанин на Албанија кој на 3 декември 2016 година со патничко возило со албански регистарски ознаки се пријавил на излез од државата на ГП Табановце. При извршениот преглед во задниот дел од левиот и десниот праг на возилото во фабричка шуплина биле пронајдени вкупно 27 наполнети со марихуана со вкупна тежина од 7,2 килограми. Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во ОС Куманово кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
До ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против З.Ј. државјанин на Косово кој на 7 декември 2016 година со патничко возило со бугарски регистарски ознаки се пријавил на излез од Македонија на ГП Деве Баир. При контрола на возилото во пределот на резервоарот за гориво, царинските инспектори пронајдоа вкупно 20 вакумирани проѕирни ПВЦ кеси наполнети марихуана со вкупна тежина од 3,8 килограми. Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во ОС Куманово кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
До ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против Н.В. државјанин на Македонија затоа што на 19 септември 2016 година на царинска испостава Аеродром пристигнала пратка од Велика Британија за примач Н. В. во кој бил наведен опис на стоката (играчки) во количина од едно парче со вредност од 10,00 британски фунти. По извршениот преглед на пратката во присуство на пријавениот било констатирано дека наместо пријавената стока биле пронајдени две пакувања со по три семки од растението Canabis Royal Queen Seeds  или вкупно 6 семки едно ЦД и една профактура без број. По наредба на јавен обвинител извршено е вештачење според кое семките потекнуваат од растение кое припаѓа на родот Canabis кои не содржат психоактивни супстанции, но со нивно засадување може да се развие растението Canabis  од чии делови и листови со понатамошна обработка се добиваа производи кои се користат како опојна дрога позната под името марихуана.
До ОЈО Струга е поднесена кривична пријава против Л. Д. М. и В. С., двете државјанки на Романија, кои на 9 декември 2016 година со возило со италијански регистарски ознаки се пријавиле на влез во Македонија на ГП Ќафасан. При извршена контрола на возилото во задниот браник, во задното лево и десно крило како и во левиот и десниот страничен праг беа пронајдени вкупно 27 пакетчиња наполнети со марихуана со вкупна тежина од 11 килограми. Осомничените беа предадени на судија на претходна постапка во ОС Куманово кој им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.

Криумчарење
До ОЈО Гевгелија е поднесена кривична пријава против физичко лице Ј. Т.  Македонска државјанка која на 6 октомври 2016 година како сопатничка во  патничко возило со македонски регистарски ознаки се пријавила за влез во државата на ГП Меџитлија. При извршениот преглед во внатрешноста на возилото поточно на задното седиште зад совозачот во рачно фрижидерче, помеѓу храната спакувани во две кутии во мала торбичка бил пронајден различен златен накит вкупна количина од 100 парчиња, со тежина од 749 грама и вкупна вредност од 1.044.132,50 денари. На ваков начин пријавената избегнувајќи ја царинската контрола пренела непријавена стока, со намера да избегне плаќање на царина и други увозни давачки на кои е обврзана со закон доколку вредноста на стоката надминува 350 евра и е за лична употреба.

Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма
До ОЈО Струмица е поднесена кривична пријава против лицето Н. С. од Струмица, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма, односно пуштил во промет производи што се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измами купувачи. На 19 мај 2016 година во Ново Село, Струмица, од страна на царинските инспектори од Одделението за оперативни работи  било сопрено патничко моторно, во кое пријавениот бил сопатник. Од страна на царинските инспектори извршен бил преглед на возилото, при што се пронајдени стоки и тоа: 75 парчиња маици, 40 парчиња комплет тренерки, 73 парчиња долни тренерки и 12 парчиња шорцеви, сите со ознаки на заштитени трговски марки за кои пријавениот изјавил дека се негови.
До ОЈО Кочани е поднесена кривична пријава против лицето Д. Т. од Кочани, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма. На 3 септември 2016 година на патниот правец Делчево – Македонска Каменица од страна на царинските инспектори од Одделението за оперативни работи  било сопрено патничко моторно возило управувано од страна на пријавеното лице. Од страна на царинските инспектори извршен е детален преглед на возилото, при што се пронајдени следните стоки: 44 парчиња блузи, 14 парчиња долни тренерки, 44 пара комплет тренерки, 58 парчиња маици, сите со ознаки на заштитени трговски марки.
До ОЈО Струга е поднесена кривична пријава против правно лице од Кичево и одговорното лице Г. И. од Кичево, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма. На 28 април 2016 година во царинската испостава Струга, за потребите на пријавеното правно лице, со една увозна царинска декларација била пријавена разна стока со вкупна количина од 50 колети со потекло од  Република Турција. По извршениот преглед на декларираната стока за увозно царинење, од страна на царинските службеници биле  пронајдени 260 парчиња маици со ознаки на заштитени трговски марки.
До ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против правно лице од Скопје и одговорното лице Д. А. од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма, односно неовластено увезле производи што се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи. Во царинската испостава Скопје 3, за потребите на пријавеното правно лице, со една увозна царинска декларација била пријавена разна стока со вкупна количина од 118 колети со потекло од  Кина. По извршениот преглед на декларираната стока за увозно царинење, од страна на царинските службеници биле  пронајдени 288 парчиња играчки-гитари и 500 парчиња плишани кукли со ознака на заштитена трговска марка.
До ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против правно лице од Скопје и одговорното лице Н. Н. од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма. Во царинската испостава Скопје 2, за потребите на пријавеното правно лице, со една увозна царинска декларација била пријавена разна стока со вкупна количина од 43 колети со потекло од  Кина. По извршениот преглед на декларираната стока за увозно царинење, од страна на царинските службеници биле  пронајдени 50 парчиња УСБ полначи за мобилен телефон со ознака на заштитена трговска марка.
До ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против правно лице од Скопје и одговорното лице Б. Ш. од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма, односно пуштиле во промет производи што се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи. На 14 јуни 2016 година во царинската испостава Скопје 4, за потребите на пријавеното правно лице, со една увозна царинска декларација била пријавена разна стока со вкупна количина од 35 колети со потекло од  Кина. По извршениот преглед на декларираната стока за увозно царинење, од страна на царинските службеници била пронајдена следната стока: 1140 парчиња футроли за мобилни телефони со ознака на заштитени трговски марки.
До ОЈО Охрид е поднесена кривична пријава против правно лице од Охрид и одговорното лице К. К. од Охрид, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма. На 3 мај 2016 година во царинската испостава Охрид, за потребите на пријавеното правно лице, со една увозна царинска декларација била пријавена разна стока со вкупна количина од 768 колети со потекло од Турција. По извршениот преглед на декларираната стока за увозно царинење, од страна на царинските службеници била  пронајдена следната стока: 130 парчиња торби, 450 парчиња маици и 270 парчиња детски комплети, сите со ознаки на заштитени трговски марки.
До ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против правно лице од Скопје и одговорното лице Д. Н. од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма. Во царинската испостава Скопје 4, за потребите на пријавеното правно лице, со една увозна царинска декларација била пријавена разна стока со вкупна количина од 244 колети со потекло од  Кина. По извршениот преглед на декларираната стока за увозно царинење, од страна на царинските службеници биле  пронајдени 228 парчиња детски играчки со ознака на заштитена трговска марка.
До ОЈО Велес е поднесена кривична пријава против правно лице од Скопје и одговорното лице И. К. од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма. На 15 јули 2016 година во царинската испостава Гевгелија, за потребите на пријавеното правно лице, со една увозна царинска декларација била пријавена разна стока со вкупна количина од 251 колети со потекло од  Кина. По извршениот преглед на декларираната стока за увозно царинење, од страна на царинските службеници била пронајдена следната стока: 370 парчиња чанти од вештачка кожа со ознаки на заштитени трговски марки  и 360 парчиња очила за сонце, исто така со ознака на заштитена трговска марка.

Во сите девет погоре наведени случаи, поради основано сомневање дека со стоката се повредува правото од интелектуална сопственост, постапувајќи по своите законски надлежности, Царинската управа привремено ја задржала предметната стока. По увидот на стоката, застапниците на трговските марки ја известиле Царинската управа дека имаат добиено потврда од носителите на правото на индустриска сопственост дека задржаните предмети се фалсификати, односно истите го повредуваат нивното право од индустриска сопственост. На ваков начин пријавените пуштиле во промет производи што се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи, со што го сториле кривично дело за кое се осомничени.

Фалсификување исправа
До ОЈО Битола е поднесена кривична пријава против правно лице од Битола и одговорно лице Н. К. од Битола, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело фалсификување исправа, односно лажна исправа употребиле како вистинска. Со увозна царинска декларација на царинската испостава Битола, за потребите на правното лице, пријавените увозно оцариниле употребувано моторно возило. Во моментот на увозно царинење бил приложен договор за купопродажба издаден од продавач од Германија во кој била изготвена изјава за потекло, потпишана од извозникот, како доказ за преференцијално потекло на стоката од Европската унија, со цел на пријавениот да му биде одобрено увозно царинење со царинска стапка слободно. Поради сомневање во поглед на веродостојноста на доказот за потекло, Царинската управа на Република Македонија се обрати до Царинската администрација на Германија со барање за верификација на доказот за потекло, од каде доставен е одговор во кој е констатирано дека продавачот од Германија не изготвил, ниту потпишал изјава за потекло во договорот. Царинската управа изврши дополнителна пресметка за евидентирање на царинскиот долг и го задолжи увозникот да ги доплати избегнатите давачки.

 

 





Назад 

Креиран од Admin на 09.01.2017
MK | EN | SQ

 
 
 
 


ИСПИТ ЗА ЛИЦЕНЦИРАН ЗАСТАПНИК -СЛЕДЕЊЕ ВО ЖИВО

 

ПРИЈАВЕТЕ КОРУПЦИЈА ВО ЦАРИНСКАТА УПРАВА

 

АНКЕТА ЗА КОРУПЦИЈА


 e-Carina
НОВ КОМПЈУТЕРИЗИРАН ТРАНЗИТЕН СИСТЕМ-NCTS
СИСТЕМ ЗА ОБРАБОТКА НА ДЕКЛАРАЦИИ И АКЦИЗНИ ДОКУМЕНТИ-СОЦДАД
ИНТЕГРИРАНА ТАРИФНА ОКОЛИНА (ИТО)

   

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ЕОРИ БРОЈ

 

Е-ТРГОВИЈА

 

ПРОМОТИВЕН СПОТ ЗА КАПАЊАТА ЗА УСНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА СТОКА

АНКЕТА ЗА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

КОЛКУ СТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ЦАРИНСКИТЕ ЗАСТАПНИЦИ?

БЕЗГОТОВИНСКОТО ПЛАЌАЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ ДАВАЧКИ

 


 Новини
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2016
повеќе ...
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
повеќе ...
ИЗВЕШТАЈ ЦУРМ ТРЕТ КВАРТАЛ 2015
повеќе ...

    
 

 


 

 Линкови

 
 

 Сервиси

Supported by




Моментално посетители: 129
Вкупно посетители: 10210870

 
Почетна | За нас | Патници | Деловна заедница | Контакт | Мапа на сајтот
©2004 Царинска Управа на Република Македонија