Историјат

До 1991 година царинската служба делуваше во рамките на поранешна СФРЈ. По осамостувањето на Република Македонија, на 14 април 1992 година, Собранието нa Рeпублика Македонија го усвои Царинскиот закон со кој е основана Царинската управа на Република Македонија, која од тој момент го стекна суверенитетот и контролата на целото царинско подрачје на Република Македонија.

Овој ден – 14 април, секоја година се прославува како Ден на царината.

20-годишнината од своето постоење Царинската управа го одбележа со издавање на монографија „20 години за идината на Македонија“ каде е претставена целокупната историја на царината како дејност на просторите на Република Македонија, од антички времиња до денес. Истата 2012 година е основан и Царинскиот музеј во рамките на Централната управа со цел зачувување на нашето царинско наследство за идните генерации, како и Информативниот музејски простор (ИМП) во зградата на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.