Секторот  за акцизи врши работи кои се однесуваат на следење и анализирање на царинските, акцизните, даночните, надворешно - трговските, девизните и другите прописи кои се применуваат во царинската постапка, подготвување нацрти на прописи, подготвување оперативни упатства за постапување на царинските органи при примената на прописите во акцизната и царинската постапка, издавање акцизни дозволи и одобренија, изготвување решенија за акцизни постапки, оперативни инструкции за еднообразна примена на прописите за акцизи, следење на движењето на акцизните стоки во царинските информатички системи, вклучување на трговците и надворешните корисници во електронската размена на податоци и давање стручна поддршка на истите при спроведување на постапките за движење на акцизните стоки и другите акцизни постапки, следење и анализирање на прописи од областа на интелектуална сопственост, нетарифните мерки и другите мерки на девизно и трговско работење, кои се применуваат во царинската постапка.

Секторот работните задачи од својот делокруг ги извршува преку:

  • Одделение за акцизи;
  • Одделение за акцизни постапки;
    • Служба за администрирање на акцизни марки;
    • Служба за администрирање и координирање на акцизни постапки;
  • Одделение за нетарифни мерки и заштита на правата од интелектуална сопственост
    • Службата за нетарифни мерки
    • Службата за заштита на правата од интелектуална сопственост

Контакт (генерлен контакт од секторот – фиксен телефон)