Задолжителна тарифна информација (ЗТИ) претставува правен акт кој го издава Царинската управа за распоредување на стоки по Царинска тарифа, согласно член 19 од Царинскиот закон. ЗТИ се издава врз основа на поднесено писмено барање од страна на  заинтересираното лице на образец даден во Прилог 1 од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон. Барањето треба да се однесува само на еден вид на стока и се смета за потполно и уредно пополнето доколку ги содржи сите податоци кои се потребни за издавање на ЗТИ. Во зависност од видот на стоката, доколку е тоа потребно, кон барањето се приложува производителска спецификација (оригинал и превод), техничка документација, проспекти, фотографии, мостри или други расположиви документи, кои содржат податоци неопходни  да се донесе одлуката за распоредување на стоката согласно Царинската тарифа.

Доколку Царинската управа утврди дека барањето не е потполно и не ги содржи сите потребни податоци за издавање на ЗТИ, може да побара од подносителот на барањето да ги достави потребните податоци кои недостасуваат.

Законски предвидениот рок за издавање на ЗТИ кој изнесува три месеци и започнува да тече од моментот кога Царинската управа ги има сите потребни податоци за издавање на ЗТИ.

Доколку ЗТИ неможе да се издаде во рокот од три месеци од денот на прифаќањето на уредно доставеното барање, Царинската управа ќе го извести подносителот за причините на доцнењето и ќе го наведе рокот во кој смета дека ќе го издаде истото.

ЗТИ има важност три години од денот на издавањето.

Барање за издавање на задолжителна тарифна информација според Царинската тарифа  
(Барањето за Задолжителна тарифна информација може да се поднесе покрај писмено и електронски преку апликацијата ЕЛЕКТРОНСКА ДОСТАВА НА БАРАЊА на почетната страна на www.customs.gov.mk)

Упатство за правилно пополнување на барање за издавање на ЗТИ

Информација за административна такса

На следниот линк се наоѓа курсот за електронско учење на Задолжителна тарифна информација (60 минути) кој е наменет како за царинските службеници, така и за деловната заедницата која ги применува царинските прописи.

 

Издадени ЗТИ

Издадени задолжителни тарифни информации во 2018 година

Издадени задолжителни тарифни информации во 2017 година

Издадени задолжителни тарифни информации во 2016 година

Издадени задолжителни тарифни информации во 2015 година

Издадени задолжителни тарифни информации во 2014 година