Одобрение за одобрен извозник

Согласно преференцијалните договори кои Република Македонија ги има склучено, извозниците (производители и трговци) можат да аплицираат за добивање на статус на одобрени извозници за потекло, што претставува поедноставување во однос на докажувањето на потеклото на стоките што се извезуваат. За таа цел Царинската управа издава одобрение за поедноставување на постапката за докажување на потеклото на стоката, независно од вредноста на стоката. Со добивање на вакво одобрение, на имателот на одобрението му се овозможува поедноставување на постапката за докажување на потеклото при извоз, односно му се овозможува да изготвува изјави во фактура/изјави за потекло со кои го докажува преференцијаното потекло без разлика на вредноста на стоката за која се однесува изјавата. Ова е особено важно доколку извозникот веќе поседува и одобрение за локално царинење и извозната постапка ја извршува надвор од царинските терминали и надвор од работното време.

Барање за одобрување на поедноставување на постапкта за докажување на потеклото на стоката (статус на oдобрен извозник) може да се поднесе покрај писмено и електронски преку апликацијата ЕЛЕКТРОНСКА ДОСТАВА НА БАРАЊА на почетната страна на www.customs.gov.mk)

УПАТСТВО И ПРИДРУЖНИ ДОКУМЕНТИ

Барање за издавање на одобрение за одобрен извозник

 

Одобрение за користење на методот на сметководствено раздвојување

Во случите кога производителот има значителни финансиски или материјални потешкотии при одвоено чување на залихите на материјали со потекло и материјали без потекло со користење на Mетодот на сметководствено раздвојување на производителот му се овозможува непречено да ги користи залихите на материјалите со потекло и материјалите без потекло, кои се идентични и заменливи, при производство на производи со македонско преференцијално потекло.

Без ова одобрение производителот мора физички да ги изолира материјалите со потекло oд материјалите без потекло со цел да се осигура дека само материјалите со потекло се користат за производство на финални производи со преференцијално потекло наменети за извоз.

УПАТСТВО И ПРИДРУЖНИ ДОКУМЕНТИ

Барање за издавање на одобрение за користење на методот сметководствено раздвојување