Регионалната конвенција за пан-евро-медитеранските преференцијални правила за потекло (ПЕМ конвенција) е единствен документ чија главна цел е примена на идентични преференцијални правила за потекло на стока со која се тргува меѓу договорните страни кои се потписнички на овој документ. ПЕМ конвенцијата овозможува поефикасно управување со системот за кумулација на потеклото на начин што им овозможува на договорните страни подобро и побрзо да реагираат на промените во економската реалност. Во суштина ПЕМ конвенцијата е еден правен инструмент, кој може полесно да биде изменет доколку има потреба, отколку да се врши измена на комплексна мрежа на протоколи за потекло кои се применуваат меѓу земјите кои имаат склучено договори за слободна трговија. Дополнително со овој единствен документ се овозможува и поедноставна адаптација на  пан-евро-медитеранските  правила за потекло кон состојбите на пазарот.

Пан-евро-медитеранскиот систем на кумулација на потекло ги вклучува земјите членки на Европска унија, земјите членки на ЕФТА (Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн), земјите од Барселона процесот (Алжир, Египет, Израел, Јордан, Либан, Мароко, Сирија, Тунис, Турција и Палестина) и Фарските Острови, како и земјите од Западен Балкан учесници во процесот на стабилизација и асоцијација со ЕУ (Албанија, Босна и Херцеговина, Република Македонија, Црна Гора, Србија и Косово) и Молдавија. Овој систем е составен од мноштво на договори, во кои постојат протоколи за потекло со идентични правила за потекло кои овозможуваат дијагонална кумулација меѓу земјите од зоната.

Покрај наведените, соседните држави и територии на договорните страни може да аплицираат да станат договорни страни на ПЕМ конвенцијата, под услов да имаат договор за слободна трговија кој уредува преференцијални правила за потекло, што отвара простор за примена на ПЕМ конвенцијата и во однос на други источноевропски земји, како и кавкаските земји. Последна земја која пристапи кон Конвенцијата е Украина, а во постапка е и пристап на Грузија кон оваа Конвенција.

Договорните страни кои ја имаат ратификувано ПЕМ конвенцијата, имаат склучено билатерален договор за слободна трговија кој содржи одредби дека правилата за потекло се утврдени во ПЕМ конвенцијата од аспект на примена на преференцијално потекло може да ја применуваат оваа конвенција. ПЕМ Конвенцијата треба да ја замени мрежата на повеќе од 60 билатерални протоколи за правила за потекло со единствен правен инстумент.

Примената на дијагоналната кумулација во рамките на Пан-евро-медитеранскиот систем на кумулација на потеклото се заснова на мрежа на билатерални договори за слободна трговија, чиишто протоколи за потекло се засноваат на идентични правила за потекло на стока. Со овој единствен документ се овозможува сите членки кои учествуваат во ПЕМ процесот, а имаат помеѓу себе договори за слободна трговија, да можат да кумулираат со потеклото на стоките, односно да користат репроматеријали од земјите членки на процесот и добивање на статус на преференцијално потекло на стоките кои ги произведуваат, како и примена на преференцијални царински стапки во земјите од ПЕМ процесот каде извезуваат.

Дијагоналната кумулација претставува можност за стекнување на преференцијалното потекло на стоката со користење на материјали и производи со потекло од земји со кои е можна кумулација на потеклото. Производи со потекло од земји со кои е возможна кумулацијата, а не биле предмет на никаква обработка или преработка, го задржуваат своето потекло доколку се извезат во некоја од партнер земјите.

Дијагонална кумулација на потеклото може да се применува само доколку: