Царинската управа ве известува дека почнувајќи од петок, 23.08.2019 година, новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) се става во функција и во ЦИ Гевгелија, ЦИ Богордица и ЦИ Табановце. Сите царински декларации почнувајќи од овој датум,  во наведените царински испостави задолжително треба да се поднесуваат во СОЦДАД.

Напоменуваме дека економските оператори кои ќе поднесуваат царински декларации и во  овие испостави, треба да ги исполнат основните услови за да можат да поднесат електронска царинска декларација, односно треба да:

  • Поседуваат електронски потпис (сертификат);
  • Имаат одобрен пристап до СОЦДАД;
  • Поседуваат одобрение за застапување.

Забелешка: сите одобренија поврзани со царински постапки мора претходно да бидат евидентирани во СОЦДАД.

Со вклучувањето на трите најголеми царински испостави, од 23.08.2019 година СОЦДАД ќе се применува во сите царински испопстави, со што завршува првата и најзначајна фаза од дигитализацијата на царинските постапки.

Со цел подобрување на движењето на граѓаните и трговијата и олеснување на сообраќајот преку државната граница помеѓу Р.Северна Македонија и Р. Србија, денеска во Скопје беа потпишани засебни протоколи за имплементација на Спогодбата за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце (Р.Северна Македонија) – Прешево (Р. Србија), помеѓу надлежните институции на Република Северна Македонија и Република Србија.

Ги известуваме царинските застапници и економските оператори дека денес (19.08.2019 година), во периодот помеѓу 17:00 и 19:00 часот, Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи - СОЦДАД ќе биде времено недостапен, поради техничка надградба на нова хардверска опрема.

Царинската управа во соработка со Економската Комисија на Обединетите Нации за Европа (UNECE) и Светска Банка на 4-5.09.2019 година ќе организира регионална работилница за техничка соработка за надополнување на нормите за примена на концептот на Едношалтерски систем за извозно и увозно царинење и размена на податоци. На работилницата покрај претставници на царинските управи на ЦЕФТА земјите, граничните агенции за ветерина и фитосанирани учесници, ќе учествуваат и претставници од сите агенции што се вклучени во процесот на издавање на дозволи за увоз и извоз на стоки. Исто така, се очекува присуство на високи претставници на UNECE, Светска Банка, IFC и Европската комисија.

Во текот на минатите три недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење на стока, при што привремено се задржани рачни електрични апарати и алат, накит Сваровски, облека, девизи, турбина за камион, мобилни телефони и делови за мобилни телефони и друго.

 

Ве информираме дека Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи - СОЦДАД е достапен и дека нема повеќе да се применува резервна постапка. Декларациите што во меѓувреме се започнати со резервна постапка, ќе продолжат во резервна постапка.

Ги известуваме царинските застапници и економските оператори дека Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи – СОЦДАД од утрово е недостапен од технички причини поврзани со мрежни уреди, за што упатуваме на примена на алтернативна постапка на хартија и во Асикуда, се до повторно известување.

Република Северна Македонија и Република Србија на 12.07.2019 потпишаа Договор за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин Табановце – Прешево. Со ова, двете земји се први од Западен Балкан кои ќе започнат со заедничка гранична контрола. Официјалниот старт на заедничките контроли се очекува на крај на август 2019 година.

Почитувани,

Ве известуваме дека од 27.07.2019 со почеток од 19:00, кориниците на СОЦАДАД кои го користат порталот за трговци, пораките кои ги испракаат ќе мора  да ги потпишуваат со помош на новата верзија на апликацијата digsig-signer-1.2.2.

Новата верзија може да ја преземете на следната локација

До наведениот термин корисниците да ја користат момнеталната верзија на оваа аплиакција

 

Со почит

 

Пред камерите на МРТ, директорот Ѓоко Танасоски говореше на темите актуелни за Царинската управа, за новините и планираните активности, новиот закон за акцизи и пуштањето во употреба на новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи.