Ве известуваме дека Царинската управа согласно член 31 став 2 од Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки (сл.весник 180/14, 154/15, 192/15 и 23/16), за сите кандидати кои го положија стручниот испит за лиценцирани застапници на ден 05.04.2019 година,  изготви „Уверение за положен стручен испит за лиценциран застапник“. 

Царинската управа ве поканува на обука за технички прашања поврзани со новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД).

Обуката се организира за да се објасни начинот на надминување на најчестите проблеми и да се дадат одговори на поставените прашања поставени  по пуштање на функционалноста за дигитално потпишување во СОЦДАД.

Теми на обуката ќе бидат:

- Регистрација во СОЦДАД;

- Употреба на апликацијата за дигитално потпишување;

- Употреба на дигитален потпис .

Обуката ќе се одржи во амфитеатарот во старата зграда на Царинската управа (ул. „Лазар Личеноски“ 13, Скопје) на 16.4.2019 со почеток во 14:00 часот.

Се повикуваат сите заинтересирани да се пријават за учество најдоцна до 15.4.2019 година (понеделник) до 16:00 часот на адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..  

Во пораката потребно е да бидат доставени следните податоци за пријавените учесници:

- Име и презиме 

- Број на лиценца

- Компанија 

 

Царинска управа

  

 

Ве информираме дека согласно одредбите од Законот за безбедност на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Решение за определување на инспекциски места за контрола на храна од неживотинско потекло од увоз. 

Почитувни кандидати,

Царинската управа Ве известува дека на ден 27.02.2019 година со почеток во 16:00 часот, во просторијата број 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје кој се наоѓа на бул. „Гоце Делчев“ број 9б, ќе се одржи повторното полагање (поправен испит) на вториот дел од испитот –студија на случајот.

Царинската управа Ве известува дека Уверенијата за посетена претходна обука за лиценцирани застапници, одржана од 05.02.2019 до 14.02.2019 година  се изготвени. Сите кандидати кои ја посетуваа оваа претходна обука можат да дојдат во просториите на Царинска управа на адреса „Лазар Личеноски“ број 13 Скопје (стара зграда) на I спрат канцеларија број 10 (Одделени за царински и даночни постапки), секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, за да ги подигнат Уверенијата, започнувајќи од 21.10 до 01.03..2019 година. 

Почитувани кандидати,

Царинската управа Ве известува дека за сите кандидати кои го положија стручниот испит за лиценцирани застапници за период 2018/2019 година, согласно член 31 став 2 од Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки (сл.весник 180/14, 154/15, 192/15 и 23/16), изготви „Уверение за положен стручен испит за лиценциран застапник“.

Царинската управа Ве известува дека на ден 27.02.2019 година со почеток во 16:00 часот, во просторијата број 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје кој се наоѓа на бул. „Гоце Делчев“ број 9б, е закажано повторното полагање (поправен испит) за вториот дел од испитот – студија на случајот.

Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18) в.в. со член 14, член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/2014, 199/2014, 27/2016 и 35/2018), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 02-14736/1 од 06.10.2015 година, број 04-065421/15-0012 од 21.06.2016 година и 01-065421/15-0035 од 09.07.2018 година, Правилникот за систематизација на работните места во Царинската управа број 02-14736/1 од 06.10.2015 година, број 01-065421/15-0007 од 25.02.2016 година број 01-065421/15-0013 од 21.06.2016 година и број 04-065421/15-0035 од 09.07.2018 година и известувањето од Министерството за финансии број 18-18539/2 од 28.12.2018 година и број 18-774/2 од 29.01.2019 година, Царинската управа објавува:

Царинската управа ги поканува сите царински застапници што спроведуваат царински постапки во царинските испостави Скопје 4 и Аеродром Скопје на работен состанок што ќе се одржи во четврток, 31.01.2019 во 12 часот во Амфитеатарот во старата зграда на Царинската управа под Кале (Лазар Личеноски 13). Исто така на состанокот се повикуваат и компаниите што развиваат софтвер за систем до систем комуникација со новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи.

Царинската управа на ден 09.01.2019 година ве извести дека на ден 25.01.2019 година со почеток во 14:30 часот, во просторијата број 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје кој се наоѓа на бул. „Гоце Делчев“ број 9б, ќе се спроведе полагање на стручен испит – втор дел (студија на случај) на кандидатите кои го положиле првиот дел (теоретски), со кој ќе се проверува теоретското знаење и стручната оспособеност на лиценцирани застапници, заради самостојна примена на царинските прописи во практиката.