Почитувани,

 

Ве известуваме дека претходната обука за полагање на стручен испит за лиценциран застапник ќе се одржи во Скопје, во Централната управа (стар објект – ул. Лазар Личеноски бр. 13) на 2, 4, 9 и 16 октомври 2018 година со почеток  од  12,00 часот.

Пријавените кандидати потребно е да дојдат пред почетокот на обуката и со себе да носат документ за лична идентификација.

За терминот на одржување на стручниот испит за лиценциран застапник прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатот, дополнително и навреме ќе бидете известени.       

Важна напомена:

Согласно член 13 од Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки, стручен испит за лиценциран застапник  може да полага лице кое:

-има завршено најмалку средно образование

-има најмалку една година работно искуство во областа на царинското работење

-да има активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори или уверение од меѓународна институција на А1 (А1) нивото на ЦЕФР (CEFR) односно ФЦЕ, БУЛАТС или Аптис или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода или ДЕЛФ,ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат. 

-има уверение за посетена  претходна обука за лиценциран застапник.

 

Поради оправдани причини можна е измена на распоредот на одржување на обуките, за што благовремено ќе бидете известени.