Царинската управа Ве известува дека на ден 27.02.2019 година со почеток во 16:00 часот, во просторијата број 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје кој се наоѓа на бул. „Гоце Делчев“ број 9б, е закажано повторното полагање (поправен испит) за вториот дел од испитот – студија на случајот.

Право да го пријават и полагаат поправниот испит го имаат оние кандидати кои не го положиле вториот дел од испитот - студија на случајот и се упатуваат на поправен испит само за вториот дел. Заинтересираните кандидати испитот го пријавуваат на образец 01.30.00.ПЦ.005.01.-ОБ.05.01 - Пријава за повторно полагање на стручен испит за лиценциран застапник.

Во овој случај потребно е кандидатот да поднесе пријава за повторно полагање на стручен испит и да плати надоместок во износ од 3.000,00 денари.

Уплатата се врши на следната сметка:

Примач:  Министерство за финансии – Царинска управа

Лазар Личеноски 13, 1000 Скопје

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник: 090030017578714

Приходна шифра и програма: 725939 20

Цел на дознака: надоместок за полагање на втор дел од испитот – студија на случај за лиценциран застапник.

Пријавата заедно со уплатницата се поднесува во архивата на Царинска управа адреса ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје или во архивите на Царинарниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово, на образец 01.30.00.ПЦ.005.01.-OБ.05.01 заклучно до 22.02.2019 година.

Сите кандидати кои ќе се пријават потребно е на денот на полагањето да понесат лична карта заради утврдување на идентитетот.