Царинската управа на Република Северна Македонија организира и спроведува претходна обука за лиценциран застапник. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат „Пријава за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит“ и соодветно платен надоместок најдоцна до 10.02.2020 година.

Претходната обука за полагање на стручен испит за лиценциран застапник ќе се одржи во Скопје, во Централната управа (стар објект) на ден 11, 13, 18 и 20 февруари 2020 година.

 За часот на започнување на предавањата ќе бидете навремено известени.

Согласно член 5 став 1 и 2 од Правилникот за програмата за спроведување на претходната обука за лиценциран застапник, висината на надоместоците за полагање на стручниот испит и за посетување на претходна обука за лиценциран застапник, програмата за полагање на стручниот испит за лиценциран застапник, начинот на бодување на првиот и вториот дел од испитот, формата и содржината на уверението за положен стручен испит за лиценциран застапник, програмата за спроведување на дополнителната обука за лиценциран застапник и висината на надоместокот за посетување на дополнителната обука за лиценциран застапник, е предвидено дека претходната обука се спроведува според Програмата за спроведување на претходна обука за лиценциран застапник и дека за посетување на претходната обука и за полагање на стручен испит за лиценциран застапник по прв пат се наплаќа надоместок во износ од 16.000,00 денари.

Уплатата може да се изврши на следната сметка:

Примач: Министерство за финансии – Царинска управа
Лазар Личеноски 13, 1000 Скопје
Банка на примач: НБРМ
Сметка: 100-0000000630-95
Сметка на буџетски корисник: 090030017578714
Приходна шифра и програма: 725939 20
Цел на дознака: Посета на претходна обука за кандидат – (Име и Преземе на кандидатот)

Сите лиценцирани застапници кои планираат да ја посетуваат претходната обука потребно е да достават:

  1. ПРИЈАВА за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит и
  2. Доказ за уплатени средства во архивите на: Царинската управа и царинарниците Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово.

Пријавата може да ја најдете тука.

Рок за доставување на пријавите: до 10.2.2020 година

Претходната обука ќе се одржи според следниов распоред:

Распоред за претходна обука

Р. Бр.

Тема на обуката

Датум

1.

Царински формалности за ставање на стока на увид на царински органи

11.02.2020

2.

Спроведување на транзитна постапка

11.02.2020

 3.

Царински дозволено постапување или употреба на стока

11.02.2020

 4.

Царински постапки

13.02.2020

 5.

Изготвување и употреба на царинска декларација

13.02.2020

 6.

Вредност на стоката за царински потреби и пресметка на царински и други давачки

13.02.2020

 7.

Царинската тарифа

18.02.2020

 8.

Потекло на стоките

18.02.2020

9.

Даноци, акцизи и даночна политика

18.02.2020

10.

Обука од областа на транспорт и транспортно осигурување

20.02.2020

11.

Нетарифни мерки и мерки на трговска политика

20.02.2020

12.

Шпедитерско работење

20.02.2020

Листата на кандидати кои ќе земат учество на обуките според термините на одржување, ќе биде дополнително објавена на интернет страната по завршувањето на рокот за пријавување. 

За терминот и местото на одржување на стручниот испит за лиценциран застапник прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатот, дополнително и навреме ќе бидете известени.

Сите дополнителни информации можете да ги добиете на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.