Царинската управа на Република Македонија реализира низа активности за модернизација и имплементација на меѓународните договори и спогодби за трговија во националното законодавство. Со цел навремено информирање на корисниците на услугите на Царинската управа и доближување на царинската проблематика до економските оператори, Царинската управа организира еднодневна презентација на тема: „Новини во царинското работење”. Оваа презентација е со цел за појаснување на придобивките за економските оператори од измените на царинското законодавство.

Презентацијата на тема „Новини во царинското работење“ ќе се одржи на 09.11.2017 година во амфитеатарот во Царинската управа (се наоѓа на прв спрат во старата зграда на Царинската управа на ул. „Лазар Личеноски“ бр. 13) со почеток во 11,00 часот.

Програма:

  • Царински закон – Поедноставени постапки и ОЕО
  • CEFTA – примена
  • Идни чекори

Профил на учесници:

Презентацијата е наменета за сите учесници во царинската постапка кои користат поедноставени постапки или учествуваат во трговска размена со земји членки на CEFTA, застапници во царинските постапки и транспортери.