На 15.09.2016 година во Скопје се одржа билатерална средба помеѓу делгации на Царинските управи на Република Македонија и Република Косово. Состанокот на делегациите предводени од директорите на двете служби се одржа во насока на зајакнување на соработката помеѓу двете земји, воспоставена во рамките на Спогодбата за билатерална соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово за соработка и взаемна помош за царинските работи.

 

Теми на дискусија на состанокот беа:

  • унапредување на електронската размена на царински податоци со цел спречување на царински измами во двете земји;
  • унапредување на соработката помеѓу царинските службеници на оперативно ниво при вршењето на тековното царинско работење и
  • координирање на активностите помеѓу царините на двете земји во насока на олеснување на трговијата и безбедноста.

 

Претставниците на двете царински администрации изразија задоволство од досегашната соработка и заинтересираност за организирање на нови активности и размена на искуства што ќе биде од полза за двете страни.