Денес (6 октомври 2016 година) претставници на Царинската управа на Република Македонија учествуваа на Регионална конференција на тема „Поедноставување и хармонизација на царинските постапки во регионот“. Домаќин  на Регионалната конференција е Стопанската комора на Македонија и истата е дел од Програмата на партнерскиот проект со коморите од ЦЕФТА – земјите и Унијата на трговско–индустриските комори на Германија  (ЦЕФТА-ДИХК).

На 6 октомври 2016 година (четврток) во Скопје се одржа билатерална средба помеѓу делгации на Царинските управи на Република Македонија и Република Србија. Состанокот на делегациите предводени од директорите на двете служби се одржа во насока на зајакнување на соработката помеѓу двете земји, воспоставена во рамките на Спогодбата за билатерална соработка помеѓу Република Македонија и Република Србија за соработка и взаемна помош за царинските работи.

Министерот за финансии, Кирил Миноски денеска оствари работна посета на Царинската управа на Република Македонија.

Денес (23.09.2016 година) во просториите на Царинска управа се одржа работен состанок помеѓу претставници од Царинската управа и генералниот директор на СЕЛЕК Центарот, м-р Тони Јакимовски.

На 15.09.2016 година во Скопје се одржа билатерална средба помеѓу делгации на Царинските управи на Република Македонија и Република Косово. Состанокот на делегациите предводени од директорите на двете служби се одржа во насока на зајакнување на соработката помеѓу двете земји, воспоставена во рамките на Спогодбата за билатерална соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово за соработка и взаемна помош за царинските работи.

Во периодот од 29 август до 1 септември 2016 година, делегација на Царинската управа на Република Македонија учествуваше на Семинар на тема „Олеснување на трговијата и Дигиталната Царина” во организација на Царинската служба на Република Кореја. Целта на овој семинар е натамошно зајакнување на односите на соработка помеѓу земјите од Евроазискиот регион.