Директорката на Царинската управа учествуваше на семинар на високо ниво за зајакнување на соработката помеѓу царинските и даночните служби. Семинарот се одржа од 27-ми до 28-ми април 2017 година во Малта. 

Царинската управа на Република Македонија на 24.04.2017 година зеде активно учество во јавната кампања за подигнување на свеста за штетните последици од фалсификуваните производи,што се одржа во просториите на ТЦ РАМСТОР во Скопје во рамките на Твининг проектот „Зајакнување на правата од интелектуална сопственост“ имплементиран од „Данската канцеларија за патенти и трговски марки“.

Директорката на Царинската управа учествуваше на состанок на директорите на царинските служби на земјите членки на Светската царинска организација од регионот на Европа што се одржа од 19-ти до 21-ви април 2017 година во Виена - Австрија.

Царинската управа на Република Македонија одбележува 25 години од своето постоење како самостоен државен орган. По тој повод, денес (12.04.2017 година) во амфитеатарот на Царинската управа се одржа традиционалната свечена церемонија на која присуствуваа високи претставници на државата, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, претставници на науката и бизнис заедницата, колегиумот на Царинската управа и други соработници и пријатели на Царинската управа. Од почетоците при осамостојувањето на 14 април 1992 година, низ текот на годините Царинската управа прерасна во современа царинска администрација.

Во рамките на Проектот за вршење на контрола на стратешки стоки  спроведуван од Светска царинска организација (СЦО), организирана е обука за спречување и откривање на прекуграничната трговија на хемиски, биолошки, радиоактивни и нуклеарни супстанции и стратешки стоки за двојна употреба во соработка со Царинската управа на Република Македонија. Обуката се одржува од 04 до 07.04.2017 година во Царинската управа во Скопје. Целта на обуката, на која предавачи се експерти од СЦО, е зајакнување на националните капацитети и контрола на стратешки стоки.

Царинската управа на Република Македонија и оваа година се вклучи во одбележувањето на 26-ти јануари, Меѓународниот ден на царината, кој оваа година Светската Царинска Организација го одбележа под мотото "Анализа на податоци за ефективно гранично управување“.

Со цел поголема транспарентност и подобро работење, Царинската управа своето работење континуирано го доближува до интересите на бизнис заедницата, како и на сите учесници во царинските постапки, а преку заеднички организирани состаноци и отворена дискусија се слушаат и нивните размислувања и предлози за поефикасна и поефективна соработка.  Тоа ја зголемува нашата ефикасност и го подобрува квалитетот на носењето одлуки.

Делегација на Царинска управа на Република Македонија, предводена од директорката, присуствува на 13-от состанок на Советот на Југо-источниот европски центар за спроведување на законот (SELEC), што се одржува денес (17 ноември 2016 година) во Букурешт, Романија.

Делегација на Царинската управа на Република Македонија, предводена од директорката, г-ѓа Наташа Радеска Крстевска, заедно со високи претставници на царинските администрации од земјите членки на ЕУ, претставници од Европската комисија, Светската царинска организација, како и претставници од бизнис заедницата, учествуваше на семинарот „Е-трговијата како можност или предизвик за царинските служби на Европската унија“, од 10 до 11 Октомври 2016 година, во Краков – Полска.

Денес (6 октомври 2016 година) претставници на Царинската управа на Република Македонија учествуваа на Регионална конференција на тема „Поедноставување и хармонизација на царинските постапки во регионот“. Домаќин  на Регионалната конференција е Стопанската комора на Македонија и истата е дел од Програмата на партнерскиот проект со коморите од ЦЕФТА – земјите и Унијата на трговско–индустриските комори на Германија  (ЦЕФТА-ДИХК).