Согласно официјална најава од ЕВН Македонија, Ве известувам дека на 19.10.2018 година (петок) на царинска испостава Дојран и царинска испостава Гевгелија, во период од 07:00 до 17:00 часот, како  и на  21.10.2018 година (недела) на царинска испостава Дојран во период од 07:00 до 17.00 часот, ќе има прекин на електрична енергија. 

Царинската управа е подготвена за алтернативно решавање на најавениот прекин на електрична енергија, но Ве молиме да имате во предвид  дека постои веројатност за забавено и отежнато работење на наведените царински испостави во посочениот временски интервал.