Царинската управа на Република Северна Македонија информира дека поради пожар на граничниот премин Златарево - Република Бугарија, дојде до застој и прекин како на товарниот, така и на патничкиот сообраќај на граничниот премин Ново Село/Златарево. Поради настанатата ситуација, на овој граничен премин не се пропуштаат патнички и товарни моторни возила.

Според информациите кои ги добивме од бугарска страна, прекинот или забраната за товарен сообраќај ќе трае неколку дена, но поради сериозноста на настанот не се во можност да информираат поконкретно. По добивање официјален став од нивна страна, дополнително ќе информираме кога ќе биде пуштен патничкиот и товарниот сообраќај.

Им препорачуваме на сите граѓани кои патуваат кон Република Бугарија, да се пренасочуваат алтернативно на другите гранични премини се до оспособување за работа на граничниот премин Златарево – Република Бугарија.