Царинската управа на Република Северна Македонија информира дека патничкиот сообраќај на граничниот премин Златарево/ Ново село е повторно во функција, после неколку часовниот прекин настанат поради пожар на граничниот премин Златарево - Република Бугарија.

Информираме дека товарниот сообраќај е сеуште во прекин, односно не се пропуштаат товарни возила на овој граничен премин.