Ве известуваме дека техничкиот проблем со функционирањето на серверот на системот ASYCUDA кој овозможува електронско поднесување на царински декларации  на царинската испостава Скопје 3 (1013) е надминат.

Ви благодариме за разбирањето

Поради технички проблем на серверот кој ја овозможува работата на системот ASYCUDA на царинската испостава 1013 (Скопје 3), ќе има прекин во рабоата на оваа испостава во траење од приближно два часа.

По нормализирање на работата ќе бидете навремено известени.

Со почит

 

 

По најава од страна на косовската царина, информираме дека има прекин на товарен сообраќај на излез на граничниот премин Блаце.

Прекинот е предизвикан од технички проблеми на електронскиот систем на косовската царина.

По нормализирање на состојбата ќе бидете навремено информирани.

Благодариме на соработката

 

 

Ве информираме дека е нормализиран товарниот сообраќај за излез на граничниот премин Блаце.

Благодариме на соработката

Ве информираме дека заради техничка надградба на EXIM системот денес 17.04.2018 година од 16:00 до 17:30 системот е во прекин.

Со цел избегнување на  евентуалните проблеми при  движењето на полните товарни возила на влез во Република Бугарија на ГП Делчево, Ве информираме дека заради надградба во прекин е постоечкиот транзитен систем на царинската служба во Република Бугарија.

 

 

По најава од страна на косовската Царина, Ве информираме дека во текот на утрешниот ден (15.02.2018 година) во период од 18:00 до 00:00 часот товарниот сообраќај  на ГП Хани и Елезит - ГП Блаце (од косовска страна) ќе биде во прекин.

Ве информираме дека EXIM системот денес од 17.30, по надминување на техничките проблеми, повторно е ставен во функција.

Благодариме на разбирањето

Ве информираме дека заради технички проблем работењето на EXIM системот денес 06.02.02018 од 10:00 е во прекин.

Екипа на Царинската управа работи на отстранување на проблемот и по неговото надминување ќе бидете информирани.

 

Благодариме на разбирањето

 

 

Се известуваат царинските обврзници кои царинските процедури ги спроведуваат на ЦИ Аеродром Скопје дека на ден 17.01.2018 година, од 16:30 часот па сè до 19:00 часот, како и на ден 18.01.2018 година, од 15:00 часот па сè до 19:00 часот, нема да бидат во можност да вршат откуп на товарни листови, подигнување на оцаринета стока и други карго операции, заради спроведување на дополнителни мерки на надзор и безбедност, поради посета на висока делегација.