Ги информираме шпедициите и економските оператори кои имаат одобрение за локално царинење во испоставата Скопје 1 (1010) дека асикудскиот сервер за испоставата Скопје 1 (1010)  е повторно во функција.

Поради штрајк на вработените во МЖ Инфраструктура и МЖ АД Транспорт од 18.02.2017 година од 07.00 часот железничкиот сообраќај е во целосен прекин  како на влез така и на излез од РМ.Според неофицијални информации штрајкот ќе трае се до исполнување на нивните барања.

Ве известуваме дека од денес 17.02.2017 година (петок) од 11 часот блокадата на ГП Евзони – Богородица од грчка страна е прекината, односно повторно е воспоставен нормален проток на патнички и товарни моторни возила на овие гранични премини. 

Поради штрајк на грчките земјоделци oд вчера (30.01.2017) од 16:00 часот,  целосно е стопиран патничкиот и товарниот сообраќај од и за Република Грција на граничниот премин Евзони.

Информираме дека по успешно завршената надградба, МАКЦИС системот повторно е ставен во функција на царинските испостави Табановце, Блаце и Тетово.

Од 18-30 ч. сообраќајот на патниот правец кон граничниот премин Блаце се одвива без застој.

Поради сообраќајна незгода на патниот правец Сконје- Блаце ве известуваме дека сообраќајот кон граничниот премин ќе биде во прекин.